Руско-индиската ракета „Брамос” прогласена за најдобра на светот

Википедија
Ракетата „Брамос”, производ на руско-индиското претпријатие BrahMos Aerospace, е прогласена за најдобра крстосувачка ракета на светот.

Благодарение на уникатните карактеристики што ги поседува, таа незапирливо добива на популарност меѓу воените претставници од Југоисточна Азија и Африка, објавува интернет-порталот Military Watch.

Според податоците на порталот, „Брамос” развива брзина до 3 маха, а дострелот ѝ е 450 километри. Ракетата, која се произведува во бродска, воздушна, копнена и подводна верзија, може да носи и нуклеарно оружје. Благодарение на тоа, воените функционери на Виетнам, Малезија, Индонезија и Сингапур покажуваат особен интерес за овој систем на вооружување и планираат да бидат водечки набавувачи.

Пред сѐ, „Брамос” претставува одлична комбинација со тешките руски ловци Су-30, кои се испорачуваат во земјите на југозападна Азија. Освен тоа, Виетнам планира да ги вооружи со овие хиперсоночни ракети своите дизел подморници.

Во војската на Сингапур, според информациите на порталот, како носачи на „Брамос” ќе се користат американските ловци F-15E.

„Големите финансиски средства на Индија и големото техничко искуство на Русија во сферата на одбраната можат да направат платформата „Брамос“ да стане една од најуспешните крстосувачки ракети достапни на светскиот пазар на оружје“, сметаат авторите на порталот.

Универзалната крстосувачка ракета „Брамос” е проектирана врз основа на руската противбродска крстосувачка ракета „Јахонт”. Ракетата го доби името по две реки, една индиска и една руска: Брамапутра и Москва. „Брамос“ развива брзина од 2,8 до 3 маха, што е 3,5 пати повеќе од брзината на американската крстосувачка ракета „Харпун”.  Може да достигне висина до 15 километри, додека најниската висина за летање е 10 метри. Ракетата носи боева глава тешка од 200 до 450 килограми.

Прочитајте повеќе: Доколку Русија биде присилена да се брани, таа ќе биде одбранета!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња