САД ѝ ветуваат на Индија „многу подобри современи технологии“ од С-400

Григориј Сисоев/Sputnik

Висок претставник на Белата куќа изрази подготвеност САД да им продадат на Индија „посовремено оружје во споредба со руското“, како и „значително посовремени технологии“, но одби да прецизира дали Вашингтон е подготвен да му понуди на Њу Делхи пандани на противвоздушниот ракетен систем С-400.

Високиот претставник на Белата куќа изјави дека американската администрација го разгледува со Индија прашањето на антируските санкции, воведени во рамките на законот „За борба против непријателите на Америка по пат на санкции“ (CAATSA) и дека продолжува да бара начини како би можела Индија да ги избегне, пренесува РИА „Новости”.

Претставникот на американската администрација објасни дека САД во зависност од овие преговори ќе ја процента можноста за воведување санкции против своите партнери поради нивната соработка со Русија во сферата на одбраната.

Тој исто така ја изрази подготвеноста на Америка да ѝ продаде на Индија „посовремено оружје во споредба со руското“ и му понуди на Њу Делхи „значително посовремени технологии“. Тој, меѓутоа, не сакаше да каже дали Вашингтон ќе ѝ понуди на Индија пандани на противвоздушниот систем С-400.

„Не можам да зборувам конкретно за С-400, но постигнавме значаен напредок во преговорите со Индија, која е наш партнер во сферата на одбраната”, изјави високиот претставник на американската администрација.

Тој додаде дека конечната одлука зависи од Индија.

Вчера официјалниот претставник на Пентагон во Азија Рендал Шрајвер одби да ѝ гарантира на Индија дека нема да биде казнета поради купувањето оружје од Русија.

Стејт департментот минатата недела им се закани со санкции на сите потенцијални купувачи на рускиот систем С-400 „Триумф”. Потоа беше соопштено дека Русија ја намалила за Индија конечната цена на системот.

Прочитајте повеќе: Руските и индиските инженери со полна пареа: Тест на модернизираната „Брамос“ до крајот на годинава

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња