Индија прифати да набави ПВО-систем С-400 „Триумф“ за сума од 5,43 милијарди долари

Ракетен систем ПВО С-400 „Триумф“

Ракетен систем ПВО С-400 „Триумф“

TASS
Според засега неофицијални информации, Русија и Индија го усогласиле стратешки важниот договор од сферата на воената соработка околу набавка на руски ракетни противвоздушни системи С-400 „Триумф“. Договорот, според тие информации, би требало да биде потпишан во текот на претстојната посета на претседателот на РФ на оваа држава. САД се закануваат со санкции доколку дојде до негова реализација.

Индија се согласи да потпише договор со Руската Федерација за набавка на пет противвоздушни ракетни системи С-400 за вкупна сума од 5,43 милијарди долари. Ова го објави интернет порталот The Economic Times, пренесува АЕХ.ру.

Според овие извори, договорот е постигнат во текот на седницата на комитетот за безбедност со кој претседавал индискиот премиер Нарендра Моди во предвечерието на посетата на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на оваа држава, а која треба да се случи на почетокот на наредниот месец.

Што се однесува до реализацијата на овој договор, Индија е должна да ѝ уплати на Русија 15% од вкупната сума во моментот на потпишувањето на договорот, додека остатокот е планиран да се изврши во моментот на испораката на готовите системи С-400. Според детали од овој договор, првата партија противвоздушни ракетни системи С-400 „Триумф“ ќе стигне во Индија две години по парафирањето на договорот. Целиот договор треба да биде реализиран во временски рок од пет години.

На овој начин Индија ја одби понудата која кон крајот на август стигна од САД, а која содржеше пакет набавка на врвно оружје, и се реши за набавка на руската ПВО технологија која важи за најдобрата на светот. Имено, тогаш висок претставник на Белата куќа изрази подготвеност САД да ѝ продадат на Индија „посовремено оружје во споредба со руското“, како и „значително посовремени технологии“.

Високиот претставник на Белата куќа изјави дека американската администрација го разгледува со Индија прашањето на антируските санкции, воведени во рамките на законот „За борба против непријателите на Америка по пат на санкции“ (CAATSA) и дека продолжува да бара начини за да може Индија да ги избегне, пренесува РИА „Новости“. Имено, кон средината на август 2018 година американскиот Стејт департмент им се закани со санкции на сите потенцијални купувачи на рускиот систем С-400 „Триумф”.

И покрај тоа, руската Федерална служба за воено-техничка соработка доби десетина барања за испорака на ПВО-системот С-400 „Триумф“. Ова во интервју за весникот „Комерсант“ го изјави директорот на ресорот Дмитриј Шугаев, а го пренесе нашиот сајт.

Прочитајте повеќе: Конструктор: Извозната варијанта на С-400 носи неколку типови на ракети

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња