Руски повеќенаменски борбен авион од петта генерација Су-57
Владимир Сергеев/SputnikАеродромската инфраструктура на Јужниот воен округ ќе биде специјално реконструирана за базирање на повеќенаменските борбени авиони од петта генерација Су-57, истакнуваат од информативната служба на Јужниот воен округ, пренесува агенцијата ТАСС.
Како што се вели во соопштението, во командата на Јужниот воен округ во Ростов на Дон е одржан состанок во кој учествуваше и командантот на здружените сили на Военото воздухопловство и Противвоздушната одбрана генерал Виктор Севастјанов.
„Генерал Виктор Севастјанов ги информираше сите присутни за активностите над реконструкцијата на аеродромската инфраструктура за базирање и експлоатација на авионите од петта генерација, како и за подобрување на огнените позиции каде дежураат противвоздушните ракетни системи со голем дострел С-400 „Триумф“ и топовско-ракетните системи „Панцир-С1“ кои се распоредени на разни локации на Крим, Ростовската област и Кубањ“, нагласуваат од информативната служба.
Се очекува дека до крајот на 2018 година во единиците кои ги сочинуваат здружените сили на ВВ и ПВО ќе влезат околу 80 единици најнова борбена техника. „Што се однесува конкретно до модернизираната борбена техника во единиците на Јужниот воен округ пристигнаа фронтовски бомбардери Су-24М, кои се опремени со современиот напаѓачко-навигациски комплекс СНП-24, што значително ја унапредува ефикасноста на гаѓањето на копнени цели и генерално командувањето со авијацијата“, ги пренесуваат од информативната служба зборовите на генерал Севастјанов.
Инаку, СНП-24 од обичните бомби прави супрепрецизни бомби. СВП-24 ги зема предвид брзината на летот и висината на која се наоѓа бомбардерот, брзината и правецот на ветрот, многу други фактори и го контролира движењето на бомбата право кон целта.
Кон крајот на август 2018 година Министерството за одбрана на Руската Федерација потпиша договор за набавка на два повеќенаменски борбени авиони Су-57, а се очекува првото сериско летало да ѝ биде предадено на руската армија следната, 2019 година.
Су-57 претставува повеќенаменски борбен авион од петта генерација направен врз база на технологија на радарска невидливост – стелт, со широка примена на композитни материјали. Овој авион е способен да лета со надзвучна крстосувачка брзина, без да влегува во режим на дополнително согорување. Опремен е со нов напаѓачко-навигациски комплекс, во таа смисла со моќен воздухопловен компјутер (во стручните кругови се нарекува како електронски втор пилот), по целата површина на леталото се наоѓаат радарски сензори, додека основното вооружување е распоредено во спремници во внатрешноста на авионот. Првата испорака на овие авиони за Воздушно-космичките сили е планирана за наредната – 2019 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче