Су-57 може лесно да биде модернизиран до ловец од шеста генерација

Ловец од петта генерација Су-57 (Т-50)

Ловец од петта генерација Су-57 (Т-50)

Александар Јарцев, ABiator (http://abiator.deviantart.com/)
Најновиот ловец од петта генерација Су-57 благодарение на огромниот потенцијал за модернизација може да стане ловец од шеста генерација, изјави претседателот на Одборот за одбрана и безбедност на Советот на Федерацијата Виктор Бондарев, поранешен командант на Воздушно-космичките сили на РФ.

„Тоа е всушност одлично летало кое може да биде и авион не само од петтата, туку и од шестата генерација. Тој има огромен потенцијал за модернизација, а најважно е тоа што поради слабата забележливост е без конкуренција меѓу постојните модели. Тој во себе го обедини сето најдобро што постои во современата воздухопловна наука, не само во руската, туку и во светот“, изјави Бондарев.

Рускиот сенатор нагласи дека за развој на комплетното сериско производство на Су-57 е потребно време. Во моментов фабриките за авиони се ангажирани во производството на одредена помала партија авиони. Почетните години ВКС на Русија очекуваат најмногу 2 до 3 такви машини со понатамошно зголемување на производството.

Виктор Бондарев исто така нагласи дека врз база на бомбардерот Су-34 треба да се гради јуришен авион-едносед. Тој додаде дека неговата модернизација во авион на јуришната авијација бара единствено преработка на пилотската кабина, како и дека моторот може да остане ист.

Инаку, како што наведуваат медиумите, експериментално-конструкторските работи во производството на јуришник врз база на бомбардерот Су-34 би требало да почнат идната година.

Најновиот ловец ПАК ФА од петта генерација ја доби ознаката Су-57 во август годинава. Машината првпат полета уште во 2010 година. Во моментов на тој проект се завршуваат експериментално-конструкторските работи. 

На авионот на големо се применуваат композитни материјали кои сочинуваат 25 отсто од масата на празното летало. Машината се одликува со исклучително слаба забележливост и широка примена на најновите технологии кои значително ја олеснуваат работата на пилотот. Овој ловец според некои податоци е во состојба да развива надзвучна брзина без форсирање и може да соборува воздушни цели на оддалеченост од 200 километри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња