Пробниот пилот, херој на Русија, Анатолиј Квочур е уверен дека ловецот Су-57 ќе може да управува со јато беспилотни летала. Познатиот руски пилот зборуваше за тоа по повод 106-годишнината на Воздушно-космичките сили на Русија, која се одбележува на 12 август. Тој во интервју за агенцијата ТАСС истакна дека „треба да се знае дека човекот кој чета во некој авион, исто така ќе управува и со група беспилотни летала. Сѐ е важно: каков човек е тоа, со какви механизми за управување со таа група располага и на кој начин ќе се одвива сето тоа“.
Херојот на Русија зборуваше и за рускиот авион од шеста генерација. Тој е уверен дека е можно да биде направено и беспилотно летало од шеста генерација. „Но како да се управува со сето тоа? Во младоста читав научна фантастика, имаше една серија книги за навигаторот Пиркс на Станислав Лем. Таму, меѓу другото, се зборуваше и за тоа кој е поефикасен: човекот или моќниот робот кој не се разликува од човекот“, изјави Квочур.
Пробниот пилот е уверен дека роботите нема да можат во целост да го заменат човекот. Тој смета дека човекот е највисоката творба на природата, а тоа не е само негово мислење.
„Затоа човекот, на пример, не може да лета. За да лета, потребни му се помошни средства. На тој план е неговото несовршенство. Но тоа се компензира со интелигенцијата и интуицијата. А интуицијата е поврзана со душата”, вели Анатолиј Квочур.
За да може пилотот самоуверено да ја извршува борбената задача, потребно е да се создадат соодветни услови за него. Неговото мајсторство зависи од информациите со кои располага. Колку повеќе информации поседува пилотот, толку поголема е неговата ефикасност во борбата, а неговата безбедност е на повисоко ниво.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче