Рускиот ловец Су-57 ќе ги добие најновите ракети „воздух-воздух“ со краток дострел

Global Look Press

Најновата ракета од класата „воздух-воздух” со краток дострел РВВ МД веројатно ќе биде дел од арсеналот на ловецот од петта генерација Су-57, соопшти претседателот на советот на директори на заводот „Дукс” (производителот на ракетата) Јуриј Клишин.

„Можеби ќе ја користи и ПАК ФА (Су-57). Кај него постои цела низа вооружување и на внатрешните и на надворешните носачи“, изјави Клишин, пренесуваат медиумите

Во моментов ракети РВВ МД носат авионите МиГ-35, МиГ-29, МиГ-25, Су-35, Су-34, Су-32, Су-30, Су-27, Су-25 и Јак-130.

Клишин додаде дека ракетата РВВ МД ќе биде претставена на изложбата „Армија-2018”, која ќе се одржи во подмосковскиот парк „Патриот” од 21 до 26 август. Тој исто така рече дека за најновата ракета веќе постои интерес и во странство.

„Многу земји, геополитички партнери на нашата земја, кои од поради низа причини не можат да бидат наведени, се заинтересирани за набавка на оваа ракета“, рече тој.

Освен тоа, ракетата РВВ МД веќе ја имаат современите системи за авиовооружување на ловците кои се испорачуваат во странство.

Директорот на Федералната служба за военотехничка соработка (ФСВТС) Дмитриј Шугаев изјави дека постојат планови до крајот на годината да се реализира испорака на ловци Су-35 во Кина.

Освен тоа, зборувајќи за роковите на реализација на договорот за испорака на системи С-400 на Кина, тој истакна дека Русија работи според предвидениот план за испорака на овие системи, ракети и помошна опрема.

„Договорот се реализира во фази, ние правиме сѐ според планот во рамките на нашиот договор и планираните рокови“, изјави Шугаев.

Во март 2013 година кинеските медиуми објавија дека Русија и Кина потпишале рамковна спогодба за испорака на авиони Су-35. Претходно медиумите објавија дека се подготвува договор со Кина за испорака на 48 повеќенаменски ловци.

Прочитајте повеќе: МО на Русија ги „капарисува“ првите ловци од петта генерација Су-57 на саемот „Армија-2018“?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња