Руски мегафабрики: Уникатни нуклеарни мразокршачи

Државната компанија „Атомфлот“ е основана со цел давање техничка поддршка и одржување на мразокршачите на нуклеарен погон и на специјалната флота за придружба. Со указ на претседателот на Руската Федерација Атомфлот во 2008 година е приклучен на Државната атомска корпорација Росатом.

Државната компанија „Атомфлот“ е основана со цел давање техничка поддршка и одржување на мразокршачите на нуклеарен погон и на специјалната флота за придружба. Со указ на претседателот на Руската Федерација Атомфлот во 2008 година е приклучен на Државната атомска корпорација Росатом.

Атомфлот
Обединетото федерално државно претпријатие „Атомфлот“ е основано со цел давање техничка поддршка и одржување на мразокршачите на нуклеарен погон и на специјалната флота за придружба.
Флотата нуклеарни мразокршачи од 1959 година го обезбедуваат минувањето на руски и на странски товарни бродови по утврден коридор на Северното море.
Оваа необична флота поседува 4 мразокршачи со по два нуклеарни реактори од 75.000 коњски сили: „Русија“, „Советски Сојуз“, „Јамал“ и „50 години од Победата“, 2 мразокршачи со еден реактор од 40.000 коњски сили: „Тајмир“ и „Вајгач“, како и товарниот брод „Севморпут“.
Флотата за одржување поседува две пловечки технички бази: „Лота“ и „Имандра“, бродот „Серебрјанка“ за транспорт на течен радиоактивен отпада и пловилото за дозиметриска контрола „Роста – 1“. Три нуклеарни мразокршачи: „Ленин“, „Артика“ и „Сибир“, и две пловечки бази „Лепсе“ и „Володарски“ кои моментално се надвор од употреба.
Атомскиот мразокршач „Ленин“ е прво пловило од овој тип во светот, а воедно и прво цивилно пловило на нуклеарен погон. Технолошките достигнувања вградени во овој брод се уникатни. Некои решенија применети кај „Ленин“ не се надминати до денешен ден, иако сега постојат нови генерации мразокршачи на нуклеарни погон. Мразокршачот „Ленин“ влегол во вода на 3 декември 1959 година.
Нуклеарниот мразокршач „Ленин“ бил вистинска школа за обука. Во текот на првите 20 години вкупно 1.327 специјалисти се обучувале на овој брод.
Нуклеарниот мразокршач „Арктик“ пловел кон Северниот пол и тој бил прв брод кој успеал да доплови до Северниот пол на 17 август 1977. Сонот на многумина морнари ширум светот е остварен. Задачата која може да се спореди со патувањето на човекот во вселената успешно ја завршила посадата на мразокршачот со најмоќен погон, во кој чиста енергија произведувале два нуклеарни реактора.
„Севморпут“ е единствен мразокршач носач на контејнери. Овој товарен брод сепак претставува единствено оперативно пловило од овој вид во моментов. Претходникот на „Севморпут“, американскиот товарно-патнички брод „Савана“, претворен е во музеј. Исто така, уште едно слично пловило, германскиот товарен брод „Ото Хан“ во меѓувреме го загуби статусот на атомско пловило поради економска неефикасност.
Атомскиот мразокршач „Јамал“ нема да потоне дури и ако едно негово одделение биде поплавено, со што се исполнуваат строгите барања на Рускиот поморски регистар за бродарство. Поседува 11 кабини-апартамани за повеќе офицери, 123 еднокреветни, 12 двокреветни и 4 шестокреветни кабини. Поседува доволно простор за оброци (кантина за 84 лица), простории за одмор и забава за 88 до 90 лица, клуб кој прима 108 лица и три специјални салони.
Во моментов Русија игра водечка улога во користењето на нуклеарна флота на мразокршачи, која овозможува пловење на Арктикот и на други замрзнати мориња. За успешно функционирање на животот во Арктичка Русија, постојаниот развој и унапредувањето на нуклеарната флота мразокршачи е од клучно значење. Тие се денес главни инфраструктурни елемент на пловните патишта на Северното море.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња