Пиле полнето со јајца: Повторно откриваме руски класик (РЕЦЕПТ)

gbh007/Getty Images
Дали некогаш сте се запрашале што готвеле Русите во XVIII и XIX век? Па, подгответе се за вкусно патување назад во времето со заборавено јадење – пиле полнето со јајца.

Овој рецепт доаѓа директно од кујната на Василиј Љовшин, книжевен маестро и експерт за домаќинство од минатото. Љовшин, пионер на кулинарската литература во Русија, остави свој белег со објавувањето на книгата „Руска кулинарика“ во 1816 година. Во овој кулинарски водич тој дава инструкции како да се подготват различни автентични руски јадења и како да се чуваат различни намирници.

Во тоа време во Русија подготовката на младо пиле била покомплексен процес во споредба со денес, само со брзо плакнење на месото. Како што детално наведува Василиј Љовшин, чекорите вклучувале кубење пердуви, прлење и други подготовки.

Наспроти тоа, модерните кујни го поедноставуваат процесот на подготовка на месото кој вклучува само темелно миење. Зачинувањето на месото, мешањето на јајцата со млеко, мирудија и сипувањето на смесата во пилето ја прават основата на рецептот на Љовшин за полнето пиле. Потоа треба да се затвори отворот за да не истече филот, да се стави пилето во рерна и за час-два добивате вкусно јадење со сочно месо и мирисен омлет внатре.

Јајцата беспрекорно се стопуваат со пилешкото, создавајќи прекрасна хармонија на вкусови. А да не ги заборавиме и свежите билки. Можете дури и да уфрлите малку свеж зеленчук во готовата мешавина за дополнителен слој на вкус и текстура.

Состојки за 6 порции:

  • Пиле - околу 2 кг
  • Кокошкини јајца - 7 парчиња
  • Врзоп мирудија - око 40 г
  • Сол по вкус
  • Мелен црн бибер и други зачини - по вкус
  • Млеко - 100 мл (по избор)

Подготовка:

1. Добро измијте го и исушете го пилето. Внимателно подигнете ја кожата, одвојте ја од месото без да ја оштетите кожата. Измијте ги и исушете ги јајцата и мирудијата.

2. Посолете и збиберето го пилето, па добро истријте го со зачини од сите страни. 

3. Во посебна чинија скршете 2 јајца, посолете и лесно изматете ги. Нежно сипете ја оваа смеса во просторот помеѓу кожата и месото.

4. Преостанатите јајца искршете ги во друга чинија. Ситно исечкајте ја мирудијата и додајте ја на јајцата. Смесата малку изматете ја, па посолете ја и додајте бибер по вкус. 

5. Ако сакате да добиете малку поделикатна текстура, додајте околу 100 мл млеко и изматете сè. Вака подготвениот фил сипајте го во стомачната празнина на пилето. 

6. Внимателно зашијте го пилето за да спречете истекување на филот.

7. Загрејте ја рерната на 180℃. Подготвеното пиле ставете го на плех или во сад за печење, па печете го во рерна 1-2 часа.

Совет: Времето на печење зависи од големината на пилето и од топлотната моќ на рерната. Готовото месо треба да биде меко со златна кора. Од време на време проверувајте дали јадењето е подготвено за да не се препече.

8. Оставете го печеното пиле да се излади, потоа сервирајте го. Месото можете да го оставите во садот за печење или да го сервирате посебно.

9. Се препорачува пилето да се сервира со зеленчук, свеж или варен за да го дополните на јадењето.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња