Русија предупреди дека на маневрите во Средоземното море ќе летаат ракети

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Во текот на големите воени вежби на руската Воена морнарица и Воздушно-космичките сили од 1 до 8 септември во Средоземното море ќе бидат употребени артилериски и ракетни борбени средства, предупреди руската војска.

Главниот командант на Воената морнарица на Русија Владимир Корољов соопшти дека главната цел на оваа голема воена вежба ќе биде проверка на единиците за противвоздушна одбрана, потоа решавање на задачи кои се однесуваат на заштита на морските комуникации, борба против пирати и давање помош на бродови на отворено море, пренесуваат руските медиуми.

„На маневрите ќе учествуваат 26 воени пловила меѓу кои две подморници и 34 летала“, изјави адмиралот, а команден брод ќе биде крстосувачот „Маршал Устинов“ на Северната руска флота. 

Местото на одржување на маневрите ќе биде прогласено за опасно за морски и воздушен сообраќај.

Прочитајте повеќе: НАТО за вежбата „Восток-18“: Немаме ништо против но бараме транспарентност и предвидливост