Видео: Руската војска ја тестираше новата ракета за системот за ПРО

Скриншот

Руската војска успешно ја тестираше новата ракета за системот за противракетна одбрана, соопшти одделението за информирање и медиуми на Министерството за одбрана на РФ.

Ракетата ја истрела единица од состав на силите за противвоздушна и противракетна одбрана на полигонот Сари-Шаган во Казахстан.

„Новата пресретнувачка ракета на системот за ПРО по серија тестирања ги потврди проектираните карактеристики и успешно ја реализираше задачата, погодувајќи ја симулираната цел со зададената прецизност“, истакна заменик-командантот на формацијата за противвоздушна и противракетна одбрана на Воздушно-космичките сили генерал-мајор Андреј Прихотко.

Ова е веќе петто тестирање на новата пресретнувачка ракета: првото беше одржано на 24 ноември, второто и третото на 12 февруари и 2 април, а последното на 20 јули.

Системот за противракетна одбрана се наоѓа во состав на вооружувањето на силите за противракетна одбрана на Воздушно-космичките сили на Русија и ги штити Москва и Централниот индустриски реон на Русија од напад со балистички ракети. Исто така, меѓу неговите задачи спаѓа и помош на системите за предупредување за ракетен напад и контрола на космичкиот простор.

Погледнете го и ова видео: Тестирана нова руска пресретнувачка ракета

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња