Бродовите и крајбрежните системи на Тихоокеанската флота на руската Воена морнарица во текот на маневрите од Охотското море и Камчатка извршија успешен напад со помош на седум крстосувачки ракети врз цели на површината на водата, соопшти одделението за информирање на прес-службата на Источниот воен округ.
„Бродска офанзивна група, во чиј состав беа главниот брод на Тихоокеанската флота ракетниот крстосувач „Варјаг“ и малите ракетни бродови „Разлив“ и „Мороз“, како и нуклеарната ракетна подморница „Томск“ и единиците на крајбрежните ракетни системи „Бастион“, реализираа гаѓања со крстосувачки ракети врз цели на површината на водата“, се наведува во соопштението.
Ракетниот напад врз пловечки бродови-мети со помош на крстосувачки ракети „Вулкан”, „Гранит”, „Малахит” и „Оникс” е извршен од Охотското море и од брегот на Камчатка на оддалеченост од 250 до 500 километри.
„Според податоците на објективната контрола, сите седум крстосувачки ракети успешно ги погодија метите“, соопшти прес-службата.
Безбедноста на реонот ја обезбедуваа 20 борбени бродови на Приморската флотила на силите на Тихоокеанската флота, војската и силите на североистокот на Русија, како и авиони на морнаричката авијација на Тихоокеанската флота.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче