Руските бродови на Крим тргнаа во потрага по подморница попозната како „Црна дупка“

Виталиј Анков/Sputnik
Во потрагата учествуваат противподморнички бродови, миноловци, специјализирани хеликоптери со хидроакустични станици. Задачата е исклучително тешка затоа што руските морнари се соочуваат со објект кој е практично бесшумен.

Воена вежба, која во своето сценарио има задача за потрага по подморница на условен непријател, почна денеска во Црното море. Во овој случај непријателска подморница ќе имитира дизел-електричната подморница „Ростов на Дону“, соопштува информативната служба на Јужниот воен округ.

Во вежбата исто така ќе учествуваат и екипажите на малиот противподморнички брод „Суздалец“ и морскиот миноловец „Ковровец“ кои се наоѓаат во поморскиот состав што го обезбедува поблискиот реон на Кримската воено-поморска база. Поддршка од воздух ќе даваат специјализираните противподморнички хеликоптери Ка-27ПЛ кои се наоѓаат во состав на Црноморската флота со база на аеродромот Кача.

 „Покрај визуелно пребарување на водната површина, хеликоптерските екипажи ќе користат и пловечки хидроакустични станици кои се способни да детектираат подморници и да ги одредат нивните точни координати каде што во тој момент се наоѓаат. Информациите кои на овој начин се добиваат веднаш се пренесуваат до борбените бродови кои дејствуваат по укажаните мети со торпеда или длабочински бомби“, велат претставниците на Јужниот воен округ.

Дизел-електричната подморница „Ростов на Дон“ претставува втора сериски произведена подморница од класата 636 „Варшавјанка“. Таа претставува модифицирана верзија на оваа класа затоа што ја носи ознаката 636.6. Според стандардизацијата на НАТО, оваа подморница се нарекува Improved Kilo или едноставно „Црна дупка“.

Подморниците од оваа класа се долги 73,8 метри, а поединечно нивниот максимален подводен депласман достигнува 3950 тони. Ги движат два дизел генератори кои заедно продуцираат 2700 коњски сили плус главен електромотор со моќност од 5500 коњски сили. Имаат уште и електромотор кој работи на економичен режим и кој генерира 200 коњски сили, како и два резервни/помошни електромотори од кои секој поединечно генерира 102 коњски сили.  Максималната брзина на подморницата под вода е околу 20 јазли, додека работната длабочина се движи од 200-300 метри. Автономијата на престој на отворено море е до 45 дена, а при ултраекономична брзина на подводна пловидба (тнр. Сноркел) која се движи во опсег од 6-7 јазли, оваа подморница може да помине речиси 9000 км. Екипажот се состои од 56 подморничари.

Главната карактеристика на оваа подморница е можноста за прецизен удар по копнени и поморски цели од голема дистанца (вооружена е со крстосувачки ракети „Калибар“ со дострел 2000-2500 км). Тоа е демонстрирано во руската операција против терористите во Сирија, кога подморницата „Ростов на Дон“ од водите на Средоземното море истрела група крстосувачки ракети „Калибар“ и уништи високоприоритетни цели во кои се наоѓаа екстремисти на тнр. Исламска држава. Во носниот дел има шест отвори за торпеда со калибар 533 мм (оваа подморница во своето вооружување може да носи и до 16 торпеда). Поради своите исклучителни тактичко-технички карактеристики на пловидба, како што е способноста за незабележително движење во зони каде што се наоѓаат современи површински бродови, оваа подморница меѓу поморците на НАТО неофицијално се нарекува „Црна дупка“.

Прочитајте повеќе: Како руските „црни дупки“ гонеа британска подморница покрај бреговите на Сирија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња