Тешката снајперска пушка ОСВ-96 „Провалник“ во Сирија
YouTubeЦентралното конструкторско-опитно биро за спортско и ловечко оружје (ЦКИБ СОО – дел од тулската КБП) почна со развој на цивилна верзија врз база на тешката снајперска пушка ОСВ-96 „Взломщик“ (Провалник) со калибар 12,7×108 мм. Ова за информативната агенција ТАСС го пренесе директорот на ЦКИБ СОО Алексеј Сорикин во кулоарите на воено-техничкиот саем „Армија-2018“.
„Работиме на конверзија на тешка снајперска пушка ОСВ-96 во цивилна варијанта. Веќе годинава почнуваме со конструкторските тестирања. Што се однесува до муницијата за цивилната верзија на оваа пушка, таа е веќе подготвена“, истакна Сорикин. Според него, ЦКИБ произведува голем број на цивилни верзии врз база на класичното стрелечко оружје. Сите овие модели, вклучувајќи ја и цивилната верзија на тешката снајперска пушка ОСВ-96, имаат висок степен на унифицираност со изворните борбени примероци на оружје.
Информативната служба на холдингот НПО „Високопрецизни системи“(Высокоточные комплексы) во кој се наоѓа тулската КБП, забележа голема заинтересираност на купувачите за оружје со голем калибар каде е присутен тренд на константен пораст. Цивилното оружје со силен куршум е мошне употребливо во лов на крупни животни, но и за заштита на поседите од предатори во оддалечените и непристапни подрачја, на изолираните места длабоко во Сибир каде што се изведуваат работи на ископување на руда, поставување на гасоводи и разни геолошки испитувања.
ОСВ-96 „Провалник“ е снајперска пушка со голем калибар чија основна намена е борба против жива непријателска сила, како и неговата техника на големи далечини. Пушката користи исклучително силен куршум со калибар 12,7×108 мм (може да користи куршум што се истрелува од тежок митралез, но и специјален снајперски куршум) со ефикасен дострел до 1800 метри. Користи рамка со пет куршуми, а борбеното темпо на гаѓање е ограничено на 10 куршуми. Тежината на пушката без оптика изнесува 11,7 кг. Нејзината експлоатација е посебно изразена во последните војни (Сирија, Јемен) каде снајперистите кои го користат ова оружје ја фалат нејзината прецизност и практично неуништливоста при интензивна употреба. „Провалник“ се наоѓа во вооружувањето на руската армија и на МВР и ФСБ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче