Руската ОСВ-96 вброена меѓу петте најдобри снајперски пушки со голем калибар

Виталиј В. Кузмин
На интернет се појави листа на петте најдобри снајперски пушки со голем калибар кои таа репутација ја стекнале во пракса. Во текстот што го објавува агенцијата РИА „Новости“ тие се наречени монструми со оптика. Големиот дострел, прецизноста и убојната сила се највпечатливите одлики на ова моќно оружје. На листата се наоѓаат супер-пушки од разни земји, вклучувајќи ја и Русија.

Се работи за снајперската пушка ОСВ-96 тешка 13 килограми која е во состојба да погодува цели на далечина од 1,8 километри. На средни растојанија со помош на оваа пушка може да се онеспособи техника со лесен оклоп. На куршумот истрелан од ОСВ-96 ветрот нема речиси никакво влијание. Таа исто така има сериозна предност, затоа што стрелецот покрај специјалните снајперски куршуми, вклучувајќи ги и панцирните, може да ги користи и митралеските што ги употребуваат „Корд“ и „Утјос“. На ОСВ-96 може да се постави колиматорски оптички нишан или уред за ноќно набљудување. Кога ќе се сложи пушката, таа како и СВД може да се смести во оклопна техника.

На листата со снајперски пушки-монструми САД ги претставува системот Barret M82, наменет пред сѐ за уништување на техника, а не на непријателска жива сила. Така искусниот снајперист, стрелајќи од оваа пушка од далечина од два километри може да погоди возило или хеликоптер.

Унгарската пушка Gepard M1 која користи куршуми со калибар 12,7х108 е сериозен конкурент на далекуметната Barret M82. Погодува цели на далечина до два километри, а тежи околу 18 килограми. Вистина, оружјето кое е слично на противтенковска пушка треба да се наполни по секој истрел. Но затоа во прецизноста  Gepard M1 трипати ја надминува Barret M82.

Завидна прецизност има и австриската Steyr HS .50 која на сто метри погодува мета со големина на метална паричка. Со неа ефикасно може да се уништува жива сила и техника.

На светскиот пазар е призната и швајцарската пушка OM 50 Nemesis, која користи муниција со калибар 50 мм. Искусен стрелец со оваа пушка може од 900 метри да погоди карта за играње.

Прочитајте повеќе: Рускиот тежок снајпер ОСВ-96 сее страв во Јемен и во Сирија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња