Пекол за терористите: Објавен фотоалбум на снајперисти на ССО во битката за Источна Гута

Youtube
За време на ликвидацијата на голема терористичка група во Источна Гута, голема улога одиграа и група руски снајперисти специјалзирани за урбана војна која во Дамаск дојде во состав на ССО (Сили за специјални операции на Руската Федерација).

На Твитер-сметката „Вежливие људи“ објавен е фотоалбум кој ги прикажува активностите на една од снајперските двојки за време на жестоката урбана битка за Источна Гута во која е ликвидиран отпорот на една терористичка група која броеше 18.000 добро вооружени терористи. Судејќи според сѐ, станува збор за припадници на руските единици за специјални операции (Силы специальных операций Российской Федерации) или скратено ССО ВС РФ.

На фотоалбумот се гледа дејствувањето на овие единици со употреба на тешкиот снајпер КСВК или на австриската снајперка пушка Steyr-Mannlicher SSG 08 која исто така се наоѓа во арсеналот на руските специјални единици.

Руската тешка снајперска пушка КСВК-„Корд“ е направена на основа на пушката СВН-98. Во нејзината конструкција учествуваа инженери на заводот „Детјарев“ од Ковров. Пушката е направена според шемата Булпап, каде рамката со муниција се наоѓа зад обрачот. Нејзината вкупна тежина (без оптичкиот нишан и рамката со муниција) изнесува 12.5 килограми. Пушката е долга 1.420 милиметри, од кои на цевката отпаѓаат 1.000 милиметри. Ова му овозможува на куршумот на устата на цевката да развие брзина од 900 метри во секунда. Борбената брзина на огнот не минува десет куршуми. Благодарение на силниот калибар (12.7х108 милиметри) пушката е конструирана за борба против заштитените цели на непријателот на оддалеченост до 1.000 метри, како и на неговата жива сила каде пушката е ефикасна на оддалеченост и до 1.500 метри.

Со нејзината понатамошна модификација добиена е пушката АСВК која благодарение на конструкциските подобрувања стана уште попрецизно оружје во рацете на стрелецот, со продолжен ресурс на цевката на пушката.

Steyr-Mannlicher SSG 08 е австриска снајперска пушка со репетирачки затворач со чеп кој се врти. Станува збор за квалитетно оружје кое е развиено врз основа на снајперската пушка SSG 04. Пушката SSG 08 користи куршум со калибар 338 Lapua Magnum (7,62×51 мм НАТО или .300 Winchester Magnum). Мошне е прецизна на оддалеченост поголема од 1.500 метри. Нејзината вкупна должина варира од 960 до 1.182 милиметри во зависност од должината на цевката и од нагодувањето на кундакот. Должината на цевката на пушката се движи од 510 до 690 милиметри. Тежината без муниција и без оптички нишан изнесува околу 5.5 килограми.

Благодарение на мотажата на Пикантевата шина на неа можат да се прикачат различни оптички нишани и други тактички додатоци. Оружјето има механички нишани. Пушката има бипод што ѝ дава поквалитетна стабилност за време на дејствието. Се полни со рамка со капацитет од 6 до 10 куршуми во зависност од калибарот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња