Нешионал интерест: Во копнен судир со Русите, НАТО би се соочил со „најлошиот пекол“

Рускиот противтенковски ракетен систем „Корнет“

Рускиот противтенковски ракетен систем „Корнет“

Слободан Ѓукиќ
Руските противтенковски наведувачки ракети можат да станат „најголем проблем за силите на НАТО“ со кои некогаш се имаат соочено, а кој можеби и не би можел да се реши. Тие (се мисли на Русите) развија цел спектар наведувачки ракети кои се опремени со кумулативни, шрапнелно-разорни и термобарични боеви глави кои својата ефикасност ја демонстрираа во Сирија.

„Мораме да констатираме дека Русија се наметна како водечка светска сила кога станува збор за различни модели шрапнелно-разорни и термобарични боеви глави кои се наоѓаат во опремата на нивните противтенковски ракетни системи. Практично секоја тактичка единица во рамките на руската армија поседува вакви средства“, констатира авторот на овој текст, а пренесува информативната редакција на РИА Новости.

Со вакви боеви глави се опремени ракетниот систем со краток дострел „Метис“, но и со ракетите „Атака“ кои со голема брзина можат да одлетаат мошне далеку и да ја погодат целта на оддалеченост поголема од 5.000 метри. Сѐ на сѐ, сето тоа претставува „доволно опасен потенцијал“ во рацете на евентуалниот непријател. Основниот заклучок кој сам по себе се наметнува е дека способноста на противтенковските ракетни системи да ги погодат своите цели на оддалеченост поголема од 5.000 метри во голема мера ја зголемува тактичката можност на копнените борбени единици.

Најопасната примена на овие средства е поврзана со нивната употреба од летечките борбени платформи како што се офанзивните хеликоптери. За оваа намена Русите ја имаат развиено ракетата 9М120Ф, попозната како „Атака“ која е вооружена со боева глава која на својата цел призведува двоен ефект: фугасен и термобаричен. Овие ракети со голем успех се употребувани во Сирија, а покрај офанзивниот хеликоптер Ка-52, можат да ја користат и хеликоптерите Ми-28Н и Ми-35М.

Авторот на текстот особено го акцентираше противтенковскиот ракетен систем „Корнет“ кој се наоѓа во рамките на копнените сили на руската армија, а чии ракети во реални борбени услови прикажаа „исклучителна прецизност и пробојна моќ“. Неговата ракета е опремена со термобарична боева глава која може да уништи отпорна точка направена од најцврст армиран бетон на оддалеченост од 10.000 метри! Авторот особено нагласува дека „Метис“, но и „Корнет“, главно се наоѓаат на мобилни платформи што имплицира дека не можат да бидат „фатени“ на боиштето и дека мошне брзо ги менуваат своите позиции по дејството. Исто така двата системи се мошне компотни за рачен транспорт (2-3 војници), така што се исклучително опасни на ридско-планински терен каде непријателските оклопно-механизирани групи се ограничени во своето движење и во маневрирањето. Истиот принцип може да се примени и во борбите во градските/урбаните средини, каде Русите традиционално се неприкосновени.

Авторот особено истакнува дека ваквите модели високопрецизно оружје мошне побрзо се конвертираат од транспортна положба во борбена, и дека во целост побрзо ги извршуваат задачите од, да кажеме, артилериското оружје што испукува ласерско наведувачка артилериска муниција.

Прочитајте уште: Русите започнаа мегаоперација за опремување на војската под шифра „Стандард“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња