Маев даде изјава за новинската агенција ТАСС во која потврди дека современата оклопна техника OБТ „Армата“, „Курганец-25“ и „Бумеранг“ се наоѓаат во завршната фаза на својот развој. Тој ги класифицира во категоријата борбени средства која можеби ќе биде и последната генерација оклопни возила засновани на традиционални принципи. Тие ќе бидат заменети од нова генерација на возила која ќе има сосем нови физички принципи на своето дејствување, смета Маев. Според него, силниот замав во развојот на природните науки, технологијата, самата конструкторска мисла итн. ќе овозможи создавање на такви борбени средства.
Маев истакнува дека првите обрасци на роботизирана оклопна техника на копнената војска ќе се појават за околу 10-15 години. „По воздухопловните роботизирани платформи, таквиот принцип ќе се применува и на копно, при развој на перспективни оклопни борбени средства“, додава тој. Што се однесува до оружјето засновано на нови физички принципи, тоа се однесува на развојот на ласерско оружје, електромагнетни топови, звучно оружје, електромагнетна муниција итн.
Рускиот холдинг „Швабе“ за рускиот „Армата“ разви нов оптоелектронски систем кој ќе ги зголеми борбените способности на основниот борбен тенк од 4 генерација. Овој систем, за разлика од неговите претходници, ќе работи на различни принципи. Се претпоставува дека овој систем покрај човечкиот фактор ќе има способност самостојно да ги открива, идентификува и следи потенцијалните цели покрај човечкиот фактор.