Утрото на 9 февруари главниот производител на тенкови во Русија објави дека се прават проектили од нова генерација за тенкот Т-14 „Армата“.
Концернот не изнесе никакви детали за новиот проектил и за неговата разрна моќ со образложение дека овој прект е „строга државна тајна“. Сепак, редакцијата на Russia Beyond-Македонија успеа да дознае неколку специфични карактеристики за идниот проектил кои ги немаат неговите претходници.
Секој проектил за тенкот Т-14 „Армата“ ќе биде кодиран, односно ќе биде фабрички обележен со QR кодови (quick response codes) кои не можат да се видат со голо око. Овие кодови електронскиот систем на тенкот автоматски ќе ги исчитува и ќе ги препознава, и во зависност од борбената ситуација че избира соодветен проектил и со него ќе ја полни цевката.
„Досега овие функции рачно ги извршуваа членовите на екипажот. Куполата на тенкот е секогаш една од главните мети во вооружениот судир, и само еден погодок е доволен за да загинат сите членови на екипажот. Сега во куполата на тенкот повеќе нема никој и целата нејзина работа е автоматизирана. Екипажот е сместен во специјална оклопна капсула од која управува со состемите на тенкот“, вели за порталот Russia Beyond извор од военоиндустрискиот сектор.
Во поедноставената варијанта системот за распознавање проектили потсетува на читање бар-кодови во обична продавница. Но, разликата е во тоа што обичен код може да се одлепи, да се залепи, да се демагнетизира или некако поинаку да се злоупотреби, во случајот со проектилите кои се прават за „Армата“ тоа нема да биде возможно.
„Секој проектил во процесот на производство ќе добие свој уникатен код и тој повеќе нема да може да се фалсификува, па дури ни повторно да се втисне доколку дојде до грешка во процесот на производство“, истакна споменатиот извор за Russia Beyond-Македонија.
Системот за препознавање и за уфрлање проектили во цевката на тенкот Т-14 е направен за функционирање во борбени услови, така што поднесува силни вибрации во текот на движењето, чад, па дури и погодок и експлозија од непријателски проектил.
Покрај новиот проектил концернот планира дополнително да ја зголеми густината за пукање на тенковскиот топ за 20% во однос на параметарот што го имаат тенковите од странско произвдоство – францускиот „Леопард“ и американскиот „Абрамс“. За таа цел корпорацијата дополнително ќе ја зајакне цевката на тенкот Т-14 за да ја прилагоди на новите проектили.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче