Зарем Русите се навистина толку моќни програмери?

press photo
Во изминатава година руските програмери се прославија низ целиот свет, благодарение на вестите за „хакерско мешање“ во американските избори. Но, и без тоа тие веќе со години ги заземаат првите места на меѓународните натпревари. Како се подготвуваат руските програмери?

Сите студенти на светот сонуваат за победа на најважниот Меѓународен универзитетски наторевар во спортско програмирање ICPC (International Collegiate Programming Contest), но почнувајќи од 2000 година првите места секогаш ги заземаат Русите.

Меѓу победниците на ICPC од Русија се студентите од универзитетите ИТМО, СПбГУ, МДУ „Ломоносов“ и МФТИ. Тие веќе со години ги надигруваат екипите од Оксфорд, Бергли, MIT, Харвард, Калифорнискиот технолошки универзитет и други високошколски установи. Тајната на нивниот успех е во ефикасниот систем на обука која го има осмислено Moscow Workshod ICPC врз база на МФТИ.

Низ таа школа имаат минато Николај Дуров и Андреј Лопатин, луѓето кои ја имаат создадено социјалната мрежа „ВКонтакте“ – руска варијанта на Фејсбук. Поранешни учесници на овој натпревар ја имаат направено и апликацијата Looksery која овозможува да го модифицирате своето лице за врема на видеочат, продадена на компанијата „Снепчет“ за 150 милиони долари.

Во што е тајната на руските програмери?

Обука во школска клупа

Подготовката и изборот на идните шампиони започнува уште во школските клупи, вели Алексеј Малеев проректор на МФТИ и основач на Moscow Workshop ICPC.

„Кај нас школски и студентски олимпијади се одржуваат од триесеттите години на минатиот век, што не е случај со ниту една друга земја на светот. Русија отсекогаш имала силна математичка школа. Благодарение на тоа младите Руси имаат голема предност на меѓународните натпревари“, вели Малеев

Целиот живот е натпревар

Отприлика од втората година на студиите започнуваат секојдневни тренинзи покрај универзитетската програма. Студентите тренираат со предавачите од своите универзитети и самостојно на Интернет, и учествуваат на сите можни натпревари.

„Животот станува трка за прво место, како кај спортистите кои се подготвуваат за Олимпијада“, вели Иљја Степанов од тимот Shock Content, студент на трета година на ФИВТ на МФТИ.

Внатрешна конкуренција

Во самиот универзитет се формираат десетина екипи кои се борат за понатамошен пласман. Во полуфиналето на ICPC од еден универзитет можат да влезат најмногу пет екипи, а во финалето само една.

Натпревар за сите

МФТИ во 2012 година го започна проектот Moscow Workshop ICPC. Тој подразбира организирање кампови за тренинг, онлајн-курсеви, како и обуки и натпревари на оддалеченост. Во програмата може да се вклучи секој студент од кој било дел на светот.

Кампови за обука cе организираат шест пати годишно на универзитети во Русија, Белорусија, Шпанија и Индија. Следниот камп ќе биде организиран веќе во јули во градовите Гродно (Белорусија) и во Владивосток (Русија).

„На заедничките тренинзи студентите разменуваат искуства, остваруваат професионални контакти и го подигаат нивото на своето знаење“, истакнува Алексеј Малеев.

Континуитет и искуство

Учесниците во овие кампови 7-9 дена интензивно ја совладуваат програмата за подготовка со предавачи од водечки универзитет и со некогашни финалисти на ICPC.

Се натпреваруваат секојдневно по пет часа. Така екипите се уигруваат, стекнуваат рутина во математиката и во инфомациските технологии, и психички се подготвуваат за шампионатот.

Видливи резултати

Подготовките и натпреварите се одржуваат јавно, Секаде се присутни гледачите, а електронските табели во директен пренос ги прикажуваат резултатите од натпреварите.

Водачот на екипата може да биде сменет во секој момент. Големиот број меѓународни учесници веќе на подготовките овозможува да се оцени нивото на најдобрите тимови на светот и подобро да се запознаат фаворитите.

За студентите исто така се организираат средби со разни претставници од индустријата за информациски технологиим, на пример од компаниите Гугл, Ај-Би-Ем и Амазон. За шест години, колку што се реализира оваа програма, во подготовката учество имаат земено над 1.600 студенти од 167 универзитети од 50 земји од светот.

Прочитајте уште: Кошмар за банкари и политичари: 4 познати руски хакери

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња