„Гардијан“: Британски банки переле руски пари

Весникот „Гардијан“ пишува дека британски банки испрале речиси 20 милијарди долари руски пари во текот на 2010-2014 година.

17 најголеми британски банки, вклучувајќи ги и HSBC, Royal Bank of Scotland, Lloyds, Barclays, Coutts, учествувале во меѓународна шема за перење на речиси 740 милиони долари од Русија, пишува во вторникот „Гардијан“.

Според документите кои ги проучиле новинарите на весникот, во рамките на таа шема од Русија биле изнесени од 2010-2014 година речиси 20 милијарди американски долари, меѓутоа сумата може да достигне и 80 милијарди долари.

Иследниците се обидуваат да разјаснат кои од богатите и политички влијателни државјани на Русија учествувале во шемата, која весникот ја нарекува „Глобална пералница“ (Global laundromat) и во рамките на која парите се префрлале од Русија најпрвин во банки во Молдавија и Латвија, а потоа се испраќале до банки во Велика Британија и САД.

Иследниците бараат одговор од британските банки зошто не биле запрени сомнителните исплати. Документите, поврзани со шемата, биле добиени во 2014 година од Проектот за пријавување организиран криминал и корупција (Organized Crime and Corruption Reporting Project (OCCRP) и „Новаја газета“, пишува „Гардијан“, пренесува „Интерфакс“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња