Најпознатиот руски хакер: „Како да се украде милион?“

Сергеј Павлович

Сергеј Павлович

AP
Во 2008 година Сергеј Павлович беше обвинет за кражба на податоци од кредитната компанија TJ Maxx, Barnes & Noble, Forever 21и други. Неговата книга „Како да се украде милион“ сега се чита целиот свет.

Сергеј Павлович е еден од единаесетте хакери обвинети за „најголемата кражба на личните податоци во историјата на САД“, а сега живее мирен живот на угледен занаетчија: продава рачно изработени каси во облик на американски долар. Тој исто така објави книга за сајбер криминалот и за казната што го чека.

„По излегувањето на книгата на социјалните мрежи ми се обратија речиси 200 луѓе со зборовите дека поради оваа книга се премислиле да се впуштат во сајбер криминал“, вели Павлович за Russia Beyond-Македонија. Во временскиот опсег што е опишан во книгата бројот на регистрирани корисници на најголемиот форум за купување информации за туѓи кредитни картички не надминуваше 6.000. Денес пазарот на Даркнет има над 2 милиони члена.

Павлович е од Минск. До својата 21 година кога завршил во затвор бил милионер, заработувал околу 100.000 долари месечно, крадејќи податоци од кредитните картички на американските потрошувачи.

Павлович и неговите соучесници украдените податоци ги чувале на сервери во Источна Европа и во САД, а таму и ги продавале. Броевите на кредитните картички обично се препечатувале на празни картички, а потоа од нив се ваделе десетици илјади долари од банкомат.

Сето тоа заврши така што Павлович е осуден на 10 години затвор во Белорусија.

„Треба да се земе предвид дека Сергеј Павлович одраснал во време на распадот на СССР. Одраснал во години на хаос во земјата, финансиска нестабилност и борба за опстанок“, пишува во предговорот на книгата неговиот адвокат Аркадиј Бух.

„Со оглед на тоа дека мнозинството луѓе по распадот на Советскиот Сојуз беа сиромашни, младите луѓе очајнички сакаа 'нов живот', и сериозно се зафатија со хакирање“, додава Бух.

Павлович во затвор нашол нова работа: консултант за заштита на податоците од хакери како што е самиот тој. Пред две и пол години излегол од затвор и сега живее во Москва.

„Сега верувам дека десетте години живот кои ги посветив на криминалот се изгубени“, вели Павлович. „Премногу е висока цената што ја плаќате за неколку години комфорен живот. Една од предностите на зрелоста е тоа што конечно сте во состојба да видите што е навистина важно. Тоа е тешко да се сфати кога имате 20 години“.

„Времето што го минувате со оние што ги сакате и со вашето семејство, набљудувањето како растат вашите деца – тоа е она што е навистина важно! Ми беа потребни седум години затвор да ја сфатам таа едноставна вистина“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња