![]() |
Зошто Крим е дел од Русија? |
Две третини од граѓаните на Украина не веруваат дека може да биде обновен украинскиот суверенитет врз територијата на Крим, покажуваат резултатите од анкетата на Институтот за проучување на јавното мислење IFAK, нарачана од Дојче Веле.
Само 20% од испитаниците сѐ уште се надеваат дека Крим ќе се врати во составот на Украина, пренесува Дојче Веле.
Во рамките на истражувањето, спроведено во декември 2014, биле анкетирани 1.000 лица од 18 до 65 години кои работат и живеат во градови со над 50.000 население. IFAK не можел да ја спроведе анкетата на територијата која е под контрола на сили за самоодбрана на истокот на Украина.
Претходно претседателката на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко соопшти дека се работи на создавање нов сакон, со кој одлуката за премин на Крим во составот на Украина ќе биде прогласена за неважечка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче