Руски Дедо Мразовци делеа прегратки и љубов во центарот на Москва

Moskva Agency
...Како дел од новогодишната прослава, се разбира.

На 29 декември десетици Дедо Мразовци парадираа низ центарот на Москва како дел флешмобот со кој се славеше доаѓањето на 2018 година.

Во придружба на тапани, руските Дедо Мразовци одеа по улицата „Тверскаја“ до Плоштадот на Револуцијата. Минувачите беа поканети да се приклучат на прославата и секој што беше облечен како Дедо Мраз доби специјални награди од организаторите на настанот.

Во меѓувреме, Дедо Мразовците делеа прегратки и бараа од луѓето да си замислат желба. Наводно, тие требало да се остварат во текот на овој викенд. Иако не е научно докажано, сепак прегратките никогаш не убиле некого!

Прочитајте  колку трошат Русите за Нова година?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња