Вкупната моќ на последниот плотун истрелан од руската подморница „Јуриј Долгоруки“ е еднаква на моќта на 160 бомби фрлени на Хирошима, изјави на „Твитер“ Ханс Кристенсен, шеф на информациониот проект посветен на нуклеарното вооружување на Федерацијата на научници на САД.
За само 20 секунди се истрелани четири ракети Р-30 „Булава-30“, што значи да може да се истрелаат 16 ракети во минута. Четири ракети можат да испорачаат на целта 24 боеви глави чија вкупна сила е 2400 килотони. Тоа е „исто што и 160 Хирошими“, напиша експертот.
Во вторникот подморницата „Јуриј Долгоруки“ успешно лансираше 4 балистички ракети „Булава“ од Белото море. Целта беше полигонот Кура на Камчатка.
На 22 мај 2018 година руското Министерство за одбрана објави снимка од лансирање на балистички ракети „Булава“ од подморницата „Јуриј Долгоруки”. Информативната служба на руската Северна флота соопшти дека ова било првпат со плотунски оган да е лансиран толкав број на ракети од подморница од класата „Бореј“.