„На 19 март 1906 година врз основа на указот на царот Николај II во класификацијата на бродовите на воената морнарица е вклучена нова класа борбени пловила – подморниците. Тогаш во состав на руската морнарица влегуваат 10 подморници. На 15 јули 1996 година е издадена наредбата на командантот на Воената морнарица бр. 253, со која се воведува професионалниот празник „Денот на морнарот-подморничар“, соопшти рускиот воен ресор.
Видеото почнува и завршува со лансирање на ракети од подморниците под вода. Тоа не е случајно: во состав на руската Воена морнарица практично веќе нема подморници кои носат само торпеда. Повеќенаменските подморници се опремени со крстосувачки ракети „Гранит”, „Оникс” и високопрецизните „Калибри“, нуклеарните подморници за стратешка намена се вооружени со балистичките ракети „Синева”, „Булава” и „Лајнер”.
На снимката можат да се видат најновите подморници од класите „Бореј” и „Јасен”. Дизел-подморницата „Варшавјанка”, која и покрај скромните димензии е исто така вооружена со „Калибри“, и подморниците на Црноморската флота покрај бреговите на Сирија демонстрираа способност за примена на ова оружје. Прикажано е нуркање на подморници и нивно излегување на површината, како и работата на екипаж.
„Среќен празник! Нека бројот на нурнувања секогаш биде еднаков на бројот на изнуркувања! Господ да ве чува!” – ја коментираат снимката корисниците на интернет.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче