Извор: Росијскаја Газета
Успешното лансирање на „Булава“ го завршува зацврстувањето на руската „нуклеарна тријада“ на копно, во вода и во воздух. Обновувањето на нуклеарните стратешки подводници е мошне актуелно за вооружените сили на Русија. И ова не е „покажување мускули“ од страна на Владимир Путин. Всушност, претседателот мора одново да ја оформува флотата која почна да се разурнува во деведесеттите години од минатиот век.
Подморниците со стратешка намена од класата „Бореј“ продолжуваат да ја обновуваат руската флота. За успешното лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета со нуклеарно полнење „Булава“ на полигонот Кура на Камчатка беше соопштено на 10 септември од страна на претставникот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.
Бореите ќе служат со Делфините и со Лигните
Подморницата е наменета за испорака на 16 нуклеарни боеви глави на оддалеченост до 8-9 илјади километри. Новите подводници добија нови ракети. Посовршената модификација „Бореј-А“ ќе добие поголем број ракети. Ако на постојните подморници од класата „Бореј“ – „Јуриј Долгоруки“, „Владимир Мономах“ и „Александар Невски“ – се наоѓаат 16 ракети, тогаш на проектите што се во изградба од типот „Бореј-А“ („Кнез Владимир“, „Кнез Олег“) ќе добијат по 20 ракети. Секоја од овие ракети може да носи од шест до десет хиперзвучни маневрирачки нуклеарни блокови со индивидуално насочување по 100-150 килотони, кои можат да ја менуваат траекторијата на летот според висината и според курсот.
До 2020 година составот на руската ВМФ треба да биде пополнета со осум ракетни стратешки подморници од проектите „Бореј“ и „Бореј-А“.
„Имаме многу малку ракетни стратешки подморници „Делфин“ (Delta-IV class) и „Лигна“ (Delta-III class)“, коментира за „Руска реч на македонски“ независниот морски експерт Јуриј Ведерников. „Поради староста, која за „Делфин“ и „Лигна“ е поголема од 25 години, актуелноста на воведување нови стратешки подморници во составот на флотите е мошне висока. Притоа во 2012 година беше решено да се зголеми рокот на работа за сметка на ремонтите на постарите проекти 'Делфин' и 'Лигна' минимум до 2015 година“.
Скапа унификација
„Проектот 'Булава' трае веќе 15 години, а идејата за проектот се засновува токму во оптимизација на трошоците и роковите на предавање во вооружувањето за сметка на унификацијата на ракетната база за копнената војска и за флотата“, изјавува за „Руска реч на македонски“ независниот експерт за изградба на ракети Михаил Тимошенко.
Проектот беше предаден кон крајот на деведесеттите години од минатиот век на „Московскиот институт за термотехника“ кој ги правеше копнените балистички ракети „Топољ-М“. Во моментот на предавање беа завршени 75% од работите во Државниот ракетен центар „В.П. Макеев“. Традиционално овој центар се занимаваше со создавање и разработка на ракети за флотата.
„Да се унифицира со минимални трошоци на новото место не успеаја, - вели Михаил Тимошенко, - За жал беа неразумни очекувањата за создавање проект за унифицирани копнени и флотски ракети. Проблемите, исто така, можеа да бидат поврзани со отсуство на изработените стандарди за тестирање. Како резултат на тоа за време на неуспешните тестирања беа потрошени многу пари, и проектот од економичен стана скап. Притоа, не можеше да се откажеме од „Булава“, со оглед на тоа дека подморниците од класата „Бореј“ се создадени и се прават имено за оваа ракетна база“.
Воено-морската флота се подновува Системот за морско космичко набљудување „Лијана“е разработен специјално за бродовите на Воено-морската флота, а кои имаат ракетно оружје со далечен дострел. |
На „Булава“ ѝ е потребен пролетаријат
Според една од верзиите, проблемите со ракетите „Булава“ беа поврзани со квалитетот на составување на Воткинската фабрика, која беше во корпорацијата Московски институт за термотехника. Притоа проблемот можеби и не бил во квалификацијата на специјалистите, туку во гигантскиот обем на нарачките. Во првата деценија од овој век од Московскиот институт за термотехника било побарано големо количество воени нарачки. Корпорацијата можеби не можела да успее да го зголеми обемот на производството. Исто така немало и специјалисти од професијата, зашто тие заминаа од производството во деведесеттите години од минатиот век, а нови не дошле. Дефицитот на работен кадар во фабриките во Русија ја натера Воено-индустриската комисија од неодамна да разработува специјална програма за кадровски прашања за одбранбените претпријатија.
Под мразот на Арктикот
Веднаш штом подморниците во своето вооружување ќе ги добијат ракетите „Бореј“, тие ќе заминат во своите зони на дислокација. Подморницата „Александар Невски“ треба да биде испратена да служи во Тихоокеанската флота, но нејзиното базирање е одложено за 2015 година. Веројатно ова е поврзано со неуспешните лансирања на „Булава“. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу побара да се направат минимум пет лансирања пред подморницата да бидат ставена на борбено дежурство со ракетите. Оваа есен се очекува уште едно лансирање од „Александар Невски“. Заедно со него во Тихоокеанската флота ќе замине и подморницата „Владимир Мономах“ која ги помина сите тестирања, и на крајот на годината ќе биде официјално предадена на флотата на Русија.
Извор од Министерството за одбрана на Русија соопштува дека кон крајот на летото или на почетокот на есента 2015 година „Александар Невски“ кој со себе зеде ракетна муниција „Булава“, ќе направи премин под мразот на Арктикот од Северната на Тихоокеанската флота. Таму тој ќе влезе во состав на 25 дивизија на подморници (Камчатка) и ќе стапи во борбено дежурство. По некое време сличен пат ќе помине и атомската подморница „Владимир Мономах“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче