Colby Drake, U.S. Navy
WikipediaТоа е најголем брод кој е проектиран во СССР и во Русија (неговиот максимален депласман изнесува 61.390 илјади тони). Моментално е единствениот руски носач на авиони кој ги штити поморските интереси на оваа земја во светските океани.
Овој брод е опремен со сериозно количество различно вооружување кое е карактеристично за бродовите како што се ракетните крстосувачи. Во неговото вооружување се наоѓаат дванаесет противбродски ракетни лансери со ракети од типот П-700 „Гранит“, потоа системот за противвоздушна одбрана „Кинжал“ (192 ракети со краток дострел во 24 лансирни единици), осум модули со противвоздушни хибридни топовско-ракетни системи „Кортик“ (експ. „Каштан“), како и ракетен систем „Удав-1М“ наменет за борба против непријателските подморници и торпеда, со 60 ракети. Ова респектабилно вооружување не му допушта на непријателот воопшто да му се приближи на носачот на авиони.
Овој брод во 2016 година учествуваше во руската антитерористичка операција во Сирија.
Овој импозантен воен брод спуштен во водата во 1986 година, а до 1992 година се нарекувал „Калинин“ кога е преименуван во денешното свое име – „Адмирал Нахимов“. Неговата должина изнесува 251 метар, а ширината му е 28.5 метри.
Во периодот од 1980 до 1998 година во состав на советската, а потоа на и на руската воено-морска флота, влегоа вкупно четири тешки нуклеарни ракетни крстосувачи од проектот 1144 „Орлан“. Прв во оперативна функција влезе „Киров“ (1980 година), а потоа „Адмирал Лазарев“, „Адмирал Нахимов“ („Калинин“), додека последниот од оваа серија „Петар Велики“ влезе во поморските единици пролетта 1998 година.
Во советската воено-морска флота бродовите од проектот 1144 Орлан (во оваа група спаѓа и „Адмирал Нахимов“) беа ударните бродови од таканаречената „група површински бродови“ кои во мирно време ги надгледуваа активностите на морнарицата на државите од НАТО, а особено на американската морнарица. Во случај на почеток на војна, ваквите групи требало да нанесат ненадеен и разорен удар по непријателските сили составени од површински борбени бродови.
Импресивните димензии, силната заштита, како и мошне добро избалансираното офанзивно и одбранбено вооружување им дадоа на Американците повод овие бродови да ги наречат „атомски борбени крстосувачи со ракетно вооружување“" (BCGN - Battlecruiser Carrying Guided Missiles, Nuclear-Powered) или само „ракетни борбени бродови“.
Димензиите на најголемиот воен брод на светот се навистина импозантни: полниот депласман изнесува 25.000 тони, бродот е долг 251 метар, а висок 59 метри – како облакодер од 20 ката! Енергијата која заедно ја создаваат двата нуклеарни реактори е доволна за еден цел град од 200.000 жители. „Петар Велики“ без полнење гориво може да ја обиколи планетата 50 пати. Должината на сите ходници на бродот изнесува над 20 километри. Бродот развива максимална брзина од 32 јазли.
За 2019 и 2020 година планирана е обемна модернизација на „Петар Велики“ и замена на неговото офанзивно вооружување. Крстосувачот ќе добие нови универзални лансери за крстосувачките ракети „Калибр“, за „Оникс“ и за хиперсоничните „Циркон“.
Бродовите од проектот 22350 имаат депласман до 5.400 тони и можат да постигнат брзина и до 30 јазли. Опремени со ракетните системи „Оникс“ и „Калибр“ (до 16 ракети), како и со противвоздушниот ракетен систем со голем дострел „Полимент-Редут“. До 2025 година руската воена морнарица планира во оперативна функција да стави вкупно шест ракетни фрегати од проектот 22350.
Моментално овие две фрегати („Адмирал Горшков“ и „Адмирал Касатанов“) се наоѓаат во фаза на подготовка за последната фаза на тестирање пред воведување во вооружувањето, додека до 2025 година се очекува усвојување на уште четири вакви бродови.
Малиот ракетен брод од класата „Сивуч“. Има две погонски гасни турбини кои генерираат вкупна сила која е поголема од 70 илјади коњски сили, што му овозможува да развие брзина до 55 јазли (102 километри на час) при висина на бранови од 2 метри, и над 40 јазли, кога брановите се повисоки од 3.5 метри.
Малиот ракетен брод „Самум“ е наменет за уништување на брзите површински пловила кои се наоѓаат во состав на борбените ескадри, како што се изведувачките бродови, но и оние кои обезбедуваат одбрана за време на истоварувањето на морнаричката пешадија од поморско-десантните бродови. Ефикасен е во извршување на различни задачи на морињата (вооружен е со осум противбродски ракети 3М80 „Москит“), но е релативно „тенок“ кога станува збор за одбраната од воздухопловните напади зашто е ограничен со артилериско ПА вооружување кое е составено од два 30-милиметарски ротациски топа АК-630 со шест цевки и со ракетен систем со краток дострел М-4 „Оса-М“.
Ова е прв брод од проектот 1164 „Атлант“ кој претставува класа ракетни крстосувачи на воената морнарица на СССР/Русија. Пуштен е во море во 1982 година на докот на бродоградилиштето во Николаево, а неговото првобитно име било „Слава“.
На Запад ракетните крстосувачи од проектот 1164 ги нарекуваат „убијци носачи на авиони“, најверојатно поради петнаесетте противбродски ракети П-500 „Базалт“ (според класификацијата на НАТО SS-N-12 Sandbox) сместени на палубата на бродот. Овие ракети можеа да погодат цел на оддалеченост и до 550 километри, а нивната прбојно-разурнувачка боева глава со тежина од 1.000 килограми можела да потопи бродови со димензија на носач на авиони. За овој брод е развиена и помодерна верзија на оваа ракета која го носи името П-1000 „Вулкан“ (SS-N-12 Mod 2 Sandbox), кај која за разлика од ракетата П-500 боевата глава е малку намалена (максимум 500 килограми), но затоа оперативниот дострел е значително зголемен (700-1.000 километри). И едната и другата верзија на ракетата се оспособени да носат нуклеарни боеви глави со еквивалент на експлозија и до 350кт ТНТ.
На крмата на бродот се наоѓа палубата за полетување и за слетување на повеќенаменскиот хеликоптер Ка-27, наменет за транспорт и подморничко дејствување.
Нуклеарната офанзивна подморница од четвртата генерација „Северодвинск“ засега претставува единствена оперативна подморница од класата 885 „Јасен“. Нејзината изградба започна во 1993 година во бродоградилиштето Севмаш и траеше до средината на 2010 година кога беше спуштена во вода. Во оперативна употреба се наоѓа од 2014 година во состав на Северната флота.
Подморницата е вооружена со десет торпедни апарати со калибар од 533 милиметри и со лансери за крстосувачки ракети „Калибр“ и „Оникс“ во конфигурација 8х4 (до 32 КР). Крстосувачките ракети 3М14 „Калибр“ спаѓаат во универзално оружје кое може да се промени против копнените, но и против поморски објекти како што се површинските бродови. Нивниот дострел е доста дискутабилен и според различни извори се движи во опсегот од 1.500 до 2.600 километри, кога станува збор за верзијата на ракетата која ги напаѓа копнените цели. Поморската верзија на ракетата од класата море-море има нешто помал дострел и тој се движи во опсегот од 440 до 660 километри.
„Северодвинск“ е посебен по тоа што торпедните апарати не се сместени на клунот, ами зад централната комора, така што на клунот е ослободено место за големата хидроакустична антена „Иртиш-Аморфа“.
Претставува шеста по ред дизел-електрична подморница од класата 636.3 „Варшавјанка“ која од 2016 година се наоѓа во составот на Црноморската флота, поточно на нејзината 4 самостојна подморничка бригада. Во составот на оваа флота се наоѓаат уште пет оперативни подморници од истата класа: Б-261 „Новоросијск“, Б-237 „Ростов на Дон “, Б-262 „Стари Оскол“, Б-265 „Краснодар“ и Б-268 „Велики Новгород“.
Овие подморници се опремени со најновите крстосувачки ракети 3М14 „Калибр“ со дострел од 1.500+ километри, а кои се сместени во четири лансирни единици. Може да открие цели на оддалеченост која е три до четири пати поголема од дострелот на радарските системи на потенцијалниот противник.
Во Североатлансткиот сојуз таа го има добиено називот „Црна дупка“ поради нејзините исклучително техничко-технолошки способности кои вклучуваат пловидба на големи длабочини што предизвикува мошне сложено детектирање на нејзиното присуство.
Таа е втора по ред дизел-електрична подморница од класата 636.3 „варшавјанка“ која од 2016 година се наоѓа во состав на Црноморската флота, односно на нејзината 4 самостојна подморничка бригада.
Подморниците од модернизираниот проект 636.3 се опремени со нови офанзивно-навигациски уреди и со најнов автоматизиран информациско-управувачки систем. Заедно со силното торпедно-ракетно вооружување (крстосувачки ракети „Калибр“). „Варшавјанка“ стана уште поопасно оружје.
Дизел-електричната подморница Б-237 „Ростов на Дон“ го имаше своето огнено крштевање во Сирија кога на 8 декември 2015 година од акваторијата на Средоземното море лансираше крстосувачки ракети „Калибр“ на позициите на Исламска држава во реонот на сирискиот град Рака.
Спаѓа во најголемите „лебдечки“ десантни бродови на светот. Нивниот капацитет достигнува и до 150 тони корисен товар, од кои тоа можат да бидат три основни борбени тенка или 10 оклопни борбени транспортери со вкупна маса од 130 тони со 140 војници во состав на десантните сили. Кога се превезува исклучиво морнаричка пешадија овој „лебдечки“ брод може да превезе цел баталјон војска (и до 500 војници во вооружување и со лична опрема).
Го придвижуваат мотори кои сумарни даваат сила од 50.000 коњи што му овозможува на бродот со полн капацитет да плови со брзина и до 60 јазли (околу 115 километри на час) на далечина и до 300 наутички милји.
Од вооружувањето тука се наоѓаат два лансери на ракети А-22 „Огоњ“ со повеќе цевки со ракети со калибар од 140 милиметри. Во еден ВЛР се наоѓаат 22 ракети кои главно служат непосредно да ја поддржат десантната група која се истовара на копно. Максималниот дострел на овие ракети е околу 4.5 километри, а вкупниот борбен комплет на овие ракети е до 130 проектили на еден брод. Тука се наоѓаат и два модула со автоматски топови Ак-630 со шест цевки, со вкупно 3.000 гранати, како и осум лесни преносни ракетни системи „Игла“ кои служат за непосредна одбрана на бродот од напади од воздух.
Десантно-офанзивен чамец БК-10
Десантно-офанзивниот чамец БК-10 е проект на концернот „Калашников“. Спаѓа во повеќенаменските пловила чија опрема може да варира во зависност од конкретните барања на нарачателите и моменталната тактичка ситуација. Конкретно, на десантно-офанзивниот чамец БК-10 предвидено е разместување на набљудувачки беспилотни летала и различно современо оружје, вклучувајќи и вооружување со далечинско управување. Овие чамци благодарение на силната погонска група која е составена од два мотори MECURY VERADO 300, со поединечна сила од 300 коњски сили, можат да развијат брзина и до 40 јазли, додека максималната далечина на пловидбата е ограничена на 400 наутички милји. Во листата задачи влегуваат патролирање, транспорт на десантни единици или извидувачки групи, артилериска поддршка и изведување на диверзантски и контрадиверзантски операции.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче