Операција Јармук: Советските „Шилки” на тежишниот правец на ударот на сириската армија

ЗСУ-23-4 „Шилка”

ЗСУ-23-4 „Шилка”

Википедија
Во најновата противтерористичка операција во населеното место Јармук, на тежишниот правец на ударот Сиријците масовнот го користат средството за непосредна огнена поддршка од советско производство ЗСУ-23-4 „Шилка”. Се смета дека во текот на досегашните борби се уништени десетици огнени точки на непријателот во кои се наоѓале групирани терористите.

Во борбениот состав на механизираните единици на сириската републиканска гарда се забележани самоодни противвоздушни орудија ЗСУ-23-4 „Шилка”*, зајакнати со дополнителни оклопни плочи кои во однос на основниот оклоп се наоѓаат под одреден агол. Ова е неопходна мерка поради многу слабиот основен оклоп кој практично можеше го пробие куршум истрелан од најобична автоматска пушка. Неретко на орудието се додава  големо количество противкумулативни решетки, така што тоа од надворешната страна изгледа како еден голем подвижен кафез од кој ѕиркаат четири топа.

Исто така, Сиријците експериментираат и со интеграција на ракетни лансери кои носат ненаведувани ракетни зрна, а кои се наоѓаат на местото каде претходно беше блокот со радарска станица. Освен ова место, се појавија и фотографии од овие ракети кои се наоѓаат дури и заедно со основните четирицевни топови со калибар 23 мм.

ЗСУ-23-4 „Шилка” во Сирија се употребува исклучително како средство за непосредна огнена поддршка на копнените единици во напад. Тоа е во однос на ова прашање и понатаму незаменливо орудие, особено кога треба да се неутрализира „испаничениот“ непријател.  Благодарение на големата густина на огнот, но и на прецизноста, „Шилка” е идеално средство за ликвидирање на снајперски точки на непријателот, неговите митралески гнезда, екипажи со противтенковско оружје, на далечини и до 2000 метри. Неговата огнена, но и тактичка моќ особено се гледа во борбени операции во урбани средини, каде што претставува смрт за непријателот. Муницијата без некакви проблеми ги пробива надворешните ѕидови на куќите, но и на станбените згради. Благодарение на големиот распон на аголот во елевацијата на топот (85 степени), орудието може многу ефективно да се употребува и против непријател кој запоседнал повеќекатни солитери, како „Шилка“ за неколку секунди може да ги изрешета сите горни катови, вклучувајќи го и покривот.

Практично досега не е изведена ниедна противтерористичка операција во која една од главните улоги да ја немала „Шилка”. Тоа е за Сиријците „божица на војната“.

* Овие средства само на хартија ја имаат оваа функција. Во 99% од случаите се користат против копнени цели.

Прочитајте повеќе: „Булдожерот грдосија“ и новиот Т-72АВ ги газат позициите на терористите во Јармук

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња