Сиријците го претставија оружјето со кое ги соборуваа крстосувачките ракети на нападот

YouTube
Сириската војска на видеоснимка ги претстави ракетните системи за ПВО кои се практично во целост од советско/руско производство. Сириските ракетари со овие системи постигнаа рекорднa ефикасност кога станува збор за најсовремените крстосувачки ракети од класата воздух-земја и море-земја.

Особено се истакна хибридниот топовско-ракетен систем 96К6 „Панцир-С1“ кои според официјалните статистики на Министерството за одбрана на РФ, имал 92% успешност во борбата против крстосувачките ракети (BGM-109„Tomahawk“, SCALP, AGM-158 JASSM-ER, Storm Shadow).

Сириската армија во својот состав има осум батерии од овој систем со околу 46 лансирни единици. Покрај респектабилната огнена моќ со која располага овој систем, Сиријците посебно ги истакнуваат и извонредните карактеристики на неговата радарска станица која работи во С-дијапазон (емитува ултракратки бранови), а која мошне тешко може да биде попречена од средствата за противелектронска борба. Покрај радарот тука е и пасивната електрооптичка станица која може да открие цел на оддалеченост и до 18 километри.

На видеоснимката се гледа една овие лансирни единици покрај кои се наоѓаат осум празни контејнери од кои се лансирани ракетите-пресретнувачи 57Э6-Е. Овие ракети можат да гаѓаат различен спектар воздушни цели кои се движат со брзина и до 3.600 километри на час, на оддалеченост до 20 километри и височина до 15 километри.

Прикажан е уште еден од „хероите“. Станува збор за ракетниот систем 9К317 „Мук-М2Э“ кои според руските официјални статистики има успешност од извонредни 82.75 % („Бук“ од сите системи собори најголем број крстосувачки ракети, вкупно 24 – заб. авт.). Овој систем за време на својата практична борбена употреба значајно го надмина својот претходник, ракетниот систем 2К12 „Квадрат“ кој имаше 52.38% успешност.

Инаку Бук-М2Э претставува извозна модификација на системот Бук-М2 и е наменет за борба против различни воздушни цели на кратки и да средни дистанци. Спаѓа во системите со среден дострел. Покрај стандардните аеродинамични цели како што се борбените авиони, овој систем мошне успешно се бори со крстосувачките ракети, со тактичките балистички ракети, со противрадарските системи, со специјалните воздухопловни ракети од класата воздух-земја и слично.

За гаѓање цел спектар воздушни цели, овој систем употребува наведувачки ракети 9М317. Овие ракети, од кои секоја одделно е тешка речиси 715 килограми, пресретнуваат цели и до 45 километри во далечина и 25 километри во висина. Ракетниот мотор на цврсто гориво со два режима дава „жестоко“ забрзување на оваа ракета која на сите параметри на својата патека лета со брзина од околу 4.500 километри на час. Опремена е со радарска самонаведувачка боева глава 9Э420 која работи во полуавтоматски режим. Ракетата 9М317 со голем степен на веројатност пресретнува цели кои летаат со брзина и до 4.200 километри на час, при што изведува остри маневри. Целиот систем е мошне отпорен на сите видови противелектронски дејствија кои имаат за цел да попречат откривање на воздушни објекти, како и успешно наведување на ракетата кон целта.

Еден од новитетите што е прикажан на оваа видеоснимка е и системот КАМ9С846 „Стрелец“ кој всушност се состои од неколку поврзани ракетни лансери со краток дострел како што е на пример ЛПРС „Игла“. Овој систем е мошне погоден да се монтира на различни видови подвижни платформи, вклучувајќи ги дури и цивилните моторни возила. Со ваквото решение сириската ПВО доби дополнителен квалитет кога станува збор за нејзината ефикасност, зашто со помош на овој оператер може да лансира плотун ПА ракети на една цел, што повеќекратно ја зголемува веројатноста од соборување.

Сириската армија може да се пофали со својата противвоздушна одбрана која спаѓа во една од најспособните кога станува збор за регионот на Блискиот Исток. Настаните од 14 април практично ги потврдија овие тврдења. Остварените резултати се последица од примената на современата руска техника (само системите „Панцир“ и „Бук“ соборија 47 ракети), како и на квалитетната обука на сирискиот екипаж што ги опслужува овие системи.

Поодделна статистика на руските/советски системи во составот на сириската армија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња