„Национален Интерес“ го прозва Пентагон поради лажни тврдења за руската ПВО

Михаил Мокрушин/Sputnik
„Пентагон се сомнева во ефикасноста на руските противвоздушни системи“. Со оваа реченица почнува воведниот текст во новиот број на угледниот американски аналитички магазин „Национален Интерес“ (National Interest) во кој на Пентагон му се префрла за лажните тврдења на сметка на руските ПВО-системи.

Како што се наведува во статијата, изјавите на американските воени претставници за наводната неефикасност на руските ПВО-системи С-300 и С-400 би можеле да бидат наменети за Турција, „каприциозниот американски сојузник“, за да ја убедат да се откаже од купувањето на ова оружје.

Кон крајот на минатата година Турција со Русија склучи договор за купување два системи С-400, што предизвика бура од негодување во Белата куќа, но и обиди да се изврши силен притисок врз турската страна за откажување од договорот кој е, како што беше истакнувано во Вашингтон, „во спротивност со американските стратешки интереси“. 

„Изјавите од Пентагон, меѓутоа, ги доведуваат во прашање одлуките на САД и нивните сојузници да инвестираат милијарди долари во шпионски авиони и крстосувачки ракети со голем дострел, ако веќе руското оружје „земја-воздух“ е толку неефикасно“, пишува авторот на текстот, истакнувајќи дека „сите тие аргументи кои се истакнуваат за да се оправдаат невидените цени на „стелт“ авионите, едноставно  паѓаат во вода, кога веќе руските ПВО-системи не претставуваат закана“.

Во текстот исто така се наведува дека Northrop Grumman B-2 чинеше преку 45 милијарди долари, а само развојот на авионот F-22 Raptor на кој работеше корпорацијата Lockheed Martin речиси 67 милијарди долари. Освен тоа, проектот за „невидливиот“ F-35 Joint Strike Fighter ќе ја „олесни“ државната каса за 406 милијарди долари, додека за Northrop Grumman B-21 ќе бидат издвоени најмалку 56 милијарди долари.

Според мислењето на авторот на текстот, американските воени претставници на претстојната седница на соодветниот конгресен комитет ќе ги претстават во негативно светло руските ПВО-системи за да ги „оправдаат своите проекти и трошоци“.

Претходно од Белата куќа беше речено дека сириските средства за ПВО од руско производство наводно „не беа во состојба да одбијат ниту еден ракетен удар на СД и сојузниците при нападот врз Сирија од 14 април“. „По нашата операција Русија неточно тврдеше дека сириската противвоздушна одбрана собори голем број на ракети, додека ние всушност ги погодивме сите цели што ги гаѓавме“, изјави во обраќањето до новинарите портпаролката на Пентагон Дана Вајт, пренесува РГ.

Прочитајте повеќе: Како ќе се одбрани Русија ако бидат нападнати нејзините пунктови во Сирија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња