По што е специфична најновата руска ракета „Бронебојшчик”?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Генералниот директор на концернот „Техмаш” Владимир Лепин зборуваше за специфичните можности на авиоракетата „Бронебојшчик” (Противоклопник) од класата „воздух-земја“, која може да експлодира пред пречката, при удар во неа или зад неа (поминува низ неа), уништувајќи го на тој начин утврдениот објект...

„Ракетите С-8ОФП се наменети за вооружување на авионот Су-25 и хеликоптерот Ми-8. Тие треба да го комплетираат семејството ненаведувани авиоракети С-8. „Бронебојшчик“ притоа има ист калибар (80 мм) и иста конфигурација како претходните модели од овој тип, но според борбените способности ги надминува пет до шест пати“, изјави Лепин во интервјуто.

Според него, основната карактеристика на ненаведуваната авиоракета  С-8ОФП е во тоа што муницијата во зависност од прилагодувањето на детонаторот може да експлодира пред пречката, при удар во неа или зад неа.

Притоа „Бронебојшчик” ја пробива пречката без да ја руши. „Ваква ракета сѐ уште не сме имале“, истакнува директорот на „Техмаш“.

С-8ОФП „Бронебојшчик” е модернизирана варијанта на ракетата С-8, која обединува неколку уникатни технологии. Ракетата според дострелот и ефикасноста ја надминува целата постојна муниција од оваа класа. Во февруари 2017 година беше објавено дека „Бронебојшчик” наскоро ќе влезе во состав на вооружувањето на руската војска, по што ќе почне да се произведува сериски.

Погледнете го видеото: Доколку Русија биде присилена да се брани, таа ќе биде одбранета!