На 1 март 2018 година претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин му соопшти на целиот свет дека Русија развила нова генерација стратешко оружје кое по својата супериорност надминува сѐ што човечката рака некогаш создала.
„Во Русија веќе постои такво оружје“, особено во таа пригода нагласи претседателот Путин.
За какви видови оружје всушност се работи:
1. Хиперзвучна ракета од класата „воздух-море“/„воздух-земја“ „Кинжал“
2. Интерконтинетална балистичка ракета од петта генерација „Сармат“
3. Хиперзвучен боев блок „Авангард“
4. Крстосувачка ракета со неограничен дострел „Буревесник“
5. Длабоководен беспилотен дрон со неограничен домет „Посејдон“
6. Единствен ласерски борбен комплекс „Пересвет“
Наведените системи на стратешко и оперативно-тактичко вооружување ќе ја претставуваат окосницата кога е во прашање ударната моќ на руската армија.
Хиперзвучниот ракетен комплекс „Кинжал“ претставува ракета која се базира на стратосферските ловци-пресретнувачи МиГ-31. Нејзината основна карактеристика е огромната брзина на крстосување и високата прецизност на ударот. Имено, оваа ракета јури кон својата цел со брзина од околу 12000 км/ч. Благодарение на својата непредвидлива траекторија, ракетата е невозможно да се пресретне со современите, но и перспективните системи за ПРО. Во вооружувањето на оваа ракета ќе се наоѓаат нуклеарна и конвенционална боева глава.
Интерконтинеталната балистичка ракета за стратешка намена „Сармат“ по својот изглед не се разликува многу од својот претходник Р-36М „Воевода“. Меѓутоа, благодарение на далеку посовршените технички решенија кои се однесуваат на распоредот а боевите глави, нејзиниот капацитет е практично удвоен во однос на „Воевода“. Според одделни извори, една ракета „Сармат“ ќе може да понесе преку 20 термонуклеарни боеви глави.
Оваа ракета ќе биде и носач за перспективниот хиперзвучен наведуван боев блок „Авангард“. Тој се состои од крстосувачки супер-маневрирачки „болиди“ кои остваруваат брзини поголеми од 25,000 км/ч! Овој хиперзвучен „болид“ при својот лет создава такви ефекти во атмосферата што набљудувачот од земјата мисли дека е во прашање пад на зажарен метеорит. Овие „болиди“ првенствено ќе бидат вооружени со термонуклеарни боеви глави, но ќе можат да уништуваат различни цели и со примена на „сува“ кинетичка енергија. Благодарение на своите летечко-технички карактеристики, овој систем радикално ќе ја зголеми вкупната должина на својот лет (ефективниот дострел), што е особено важно при избегнувањето на зоните каде што се присутни системите на непријателската противракетна одбрана.
Крстосувачката ракета „Буревесник“ ќе ја движи мотор на нуклеарен погон. Според својот надворешен изглед, како и летечките карактеристики, оваа ракета нема многу да се разликува од стандардните крстосувачки ракети како што се, на пример, „Калибар“ или американската „Томахавк“. Меѓутоа, поради примената на минијатурниот нуклеарен реактор кој ја движи оваа ракета, нејзиниот дострел практично ќе биде неограничен. Во вооружувањето на оваа ракета ќе се наоѓаат нуклеарна и конвенционална боева глава.
Длабоководниот беспилотен дрон за стратешка намена „Посејдон може да се најде во вооружувањето на руските борбени подморници од различен тип. Се одликува со неограничен домет, голема брзина на пловење, и она што е од особена важност, оперативната длабочина на примената која е недостапна за сите подводни борбени средства. Она што е посебно застрашувачко е способноста на овој дрон да носи термонуклеарна боева глава која е речиси двојно помоќна од онаа што ја носеше „Цар-бомбата“ (еквивалентна на 100+ мегатони ТНТ). Како и кај крстосувачката ракета „Буревесник“, ударниот подводен дрон „Посејдон“ ќе го движи мотор на нуклеарен погон.
Борбениот систем „Пересвет“ претставува перспективен противвоздушен и противракетен систем кој дејствува со помош на насочен ласерски сноп. Според зборовите на руските научници, овој систем според својот квалитет ги надмина сите слични концепти кои во моментов се развиваат во светот.
Сето тоа можете да го погледнете и во нашиот видео материјал:
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче