Како мета е користен суперсоничен пресретнувач МиГ-31, затоа што карактеристиките на овој уникатен авион му овозможуват да симулира движење на повеќе летала, освен можеби на хеликоптери при лебдење. Авионот имитираше брзина и маневрирање на крстосувачка ракета, движејќи се кон зададената цел на мала висина следејќи го релјефот на теренот.
Втор МиГ-31, кој полета на знакот на тревога, ја пронајде целта и ја погоди од првиот обид, вршејќи електронски истрелувања на ракети од голема оддалеченост.
„Специфичноста на овој тренинг е во тоа што пилотите самостојно ја бараа целта, без помош од копнените радари за ПВО“, изјави началникот на прес-службата на Тихоокеанската флота капетан втора класа Николај Воскресенски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче