Видео: Лансирање на новата руска противвоздушна ракета

Скриншот

Скриншот

Министерството за одбрана на Русија објави видеоснимка од тестирањето на новата ракета-пресретнувач (засега сѐ уште нема назив) на системот за противракетна одбрана на полигонот Сари-Шаган во Казахстан. Тестирањето е успешно извршено.

„Новата модернизирана противвоздушна ракета успешно ја изврши задачата и ја погоди условната цел во предвиденото време“, соопшти командантот на здружените противвоздушни и противракетни воздушно-космички сили на Русија генерал-мајор Андреј Приходко, а пренесува порталот rg.ru.

На снимката е прикажано доставувањето на противвоздушната ракета на полигонот, нејзино уфрлување во ракетниот силос и лансирањето. Посебно внимание привлекува необично брзиот старт на проектилот. Тој е неколку пати побрз од сите видови ракети. Пресретнувачите на системот за ПРО имаат големо забрзување и можат да маневрираат со големо оптоварување. Предвидени се за пресретнување на борбени блокови на балистички ракети во атмосферата и поблиската вселена.

Во февруари на полигонот Сари-Шаган беше тестирана модернизираната пртиввоздушна ракета на системот за ПРО ПРС-1М. „Според дострелот, прецизноста и должината на експлоатацијата, новите ракети се значително подобри од оние кои Русија денес ги има во својот арсенал“, истакна тогаш генералот Приходко.

Системот за ПРО е предвиден за заштита на Москва и централниот индустриски реон од балистички ракети. Тој добива информација од радарите на системот за рано откривање на ракетен напад, како и од сателитите и огромната сателитска станица „Дон-2Н“. За неутрализирање на евентуалниот напад се користат противракети со помал и поголем дострел сместени во ракетните силоси во Подмосковјето.

Прочитајте повеќе: Тестирано ново чудо од ракета: „Шило“ ја штити Русија од масовен нуклеарен удар

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња