Тие три вида оружје се „Сапсан“, „Таран“ и „Пишчаль“. Првиот е најмоќниот. Може да се користи за борба против сите беспилотни летала. „Сапсан“ ги открива во различни дијапазони, како во инфрацрвен и визуелен, така и во дијапазонот на радиобранови. Тој ги открива беспилотните летала во радиус 100 километри, ги следи и насочува врз нив сноп електромагнетни пречки. Ако беспилотното летало е опасно, „Сапсан“ ги проследува точните податоци за него до средствата за ПВО за уништување на воздушни цели.
„Таран“ може да се користи во случај на напади на дронови од неколку правци. Тогаш овој систем прави над објектот невидлива купола чиј пречник изнесува најмалку 900 метри. Непријателските беспилотни летала не можат да продрат во таа купола. „Пишчаљ“ е предвиден за борба против еден конкретен дрон. Направен е во вид на пушка тешка 3 килограми. Има акумулатор чие напојување е доволно за еден час употреба.
Како што изјави главниот конструктор на проектот на Концернот „Автоматика“ Сергеј Ширјаев, по примената на овие видови оружје беспилотните летала стануваат „полудени“, висат во воздухот или паѓаат на земјата. Конструкторите сметаат дека новите системи ќе бидат корисни и интересни за војската, но и за военоиндустриските претпријатија, како и за енергетскиот сектор и нуклеарната индустрија.