„Калашников“ разработи оружје против дронови

Дронови.

Дронови.

Евгенија Новеженина/РИА „Новости“
Концернот „Калашников“ го разработи радиоелектронското несмртносно оружје REX 1 против беспилотни летечки апарати (БЛА).

Концернот „Калашников“ го разработи радиоелектронското несмртносно оружје REX 1 против беспилотни летечки апарати (БЛА), специјализирано за соборување на дронови и попречување на работата на мобилни и Wi-Fi сигнали. Ова го соопшти Константин Абашкин, заменик-генерален директор на „Зала Аеро Груп“ (Zala Aero Group) – членка на концернот, пренесува РИА „Новости“.

Според него, новата разработка може да се применува како во цивилниот сектор за заштита, така и од безбедносните органи, на пример, на масовни настани.

Апаратот е снабден со модул, способен да ги придушува GSM сигналите.

Абашкин наведе како пример хипотетичка ситуација, во која полицаец или припадник на Росгвардија открива ранец оставен без набљудување, го активира уредот, го следи објектот и чека да дојдат деминерите, додека мобилните сигнали остануваат придушени.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња