Руската војска на маневри користи „сириски насипи“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Преку 2000 војници на Јужниот воен округ учествуваа во вежбите во кои се применува искуството од сириската војна, велат од прес-службата на воениот округ.

„Учесниците во маневрите применуваат тактика на сириски насип, односно артилериско гаѓање зад земјени насипи, користење на подземни комуникации – тунели, и покажаа необични начини на маневрирање“, го пренесуваат медиумите соопштението на прес-службата на воениот округ.

Вкупно во маневрите учествуваа околу 2000 војници и 300 единици борбена техника на 58 армија.

Посебно внимание е посветено на тактичките задачи во планинско-шумски подрачја. Војската користеше тенкови Т-72А, пешадиски борбени возила БМП-2 и др.

Прочитајте повеќе: Над Црното море војници со системите С-400 вежбаа пресретнување беспилотни летала