ЗРПК „Панцир-С1“
Сергеј Бобилев/TASSРусија последниве години ѝ испорача на Сирија 40 ракетно-топовски комплекси „Панцир-С1“ за одбрана од воздушни напади, изјави извор во рускиот воен ресор.
Во понеделникот од МО на Русија рекоа дека авионскиот напад врз сирискиот аеродром Т-4 во Хомс го извеле два израелски F-15. Целта ја погодиле три ракети, додека пет биле соборени.
„Панцир-С1“, исто така според информациите на МО на РФ, соборил седум од 13 беспилотни летала кои им се приближувале на руските воени бази во Сирија (Хмејмим и Тартус). Останатите 6 дронови безбедно биле спуштени на земја од руската единица за радиоелектронска борба.
Командантот на силите за ПВО-ПРО на Русија Виктор Гумениј претходно изјави дека „Панцир-С1“ по сирискиот искуство е усовршен.
Хибридниот топовско-ракетни комплекс за противвоздушна одбрана „Панцир“ првично е наменет да ги штити ракетните комплекси со голем дострел С-300 и С-400, меѓутоа тој е оспособен да соборува и ракети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче