Видео: Демонстрирана нова тактика на руската армија

YouTube
Министерството за одбрана на Русија објави видеоснимка од воената вежба на полигонот Погоново близу Воронеж. Таму на командирите на Западниот воен округ им беше демонстрирана тактиката „контура на офанзивна стрелба на големи растојанија“.

Контура на офанзивна стрелба подразбира обединување на различни родови војска под единствена команда, а заради извршување на конкретна борбена задача. Тоа е, на пример, спој на извидувачи и артилерија кој функционира по принципот „откриено – уништено“, кога податоците за откриените цели не се праќаат во штабот туку директно до нишанџиите на артилериските орудија.

На Погоново е увежбана епизода со лов на непријателска артилерија со мамка која бега. Тенковите Т-72 отворија оган од затворени позиции, како да се во прашање топови (обично тенковите не отвораат оган надвор од зоната на директна видливост). По кратката стрелба тргнаа нанапред, а непријателска батерија отвори оган врз празните тенковски позиции и со самото тоа ги откри своите позиции, бидејќи веднаш ги открија беспилотните летала и артилериските радари за извидување. Непријателските топови неколку моменти подоцна се најдоа под плотунски оган на вистински хаубици и самоодни артилериски орудија „Мста-М“, а дотолчени се со тенковите кои пристигнаа во меѓувреме. Дејствата на артилеријата и тенковите ги координираа беспилотни летала „Орлан-10“.

„Овие маневри се посебни по единствениот метод на уништување на цели на растојание до 12 километири“, изјави заменик-командантот на армијата, генерал-мајор Тимур Трубиенко.

Оваа показна воена вежба ја следеа преку 200 командири на баталјони. Во маневрите учествуваа повеќе од 1000 војници и повеќе од 100 борбени орудија и летала.

Погледнете ги највпечатливите воени вежби на Русија во 2017 година

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња