Ракетните сили на знак за тревога изведоа марш до позициите каде за гаѓање распоредија ракетни системи С-400. Потоа со радарите ја лоцираа и гаѓаа контролната цел, која ја претставуваше беспилотно летало. Во вежбите учествуваа преку 150 војници и околу 30 единици воена и специјална техника.
Вежбите на руските ракетни сили се одржуваат во период додека американските шпионски авиони и стратешките беспилотни летала RQ-4B Global Hawk ја засилуваат активноста над Црното море.
А во Астрахањската област на Русија екипажите на противвоздушно-ракетните единици на 4 армија на Воздухопловните и ПВО-силите реализираат боеви гаѓања од противвоздушни ракетно-топовски системи „Панцир-С”. На полигонот „Капустин Јар” тие ќе гаѓаат воздушни мети „Саман-М” и „Пение”, кои имитираат авиони и крстосувачки ракети на непријателот. Во боевите гаѓања учествуваат преку 300 војници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче