Роботот „Кобра-1600” спаѓа во категоријата на таканаречени „лесни роботи“, со оглед на тоа што тежи 62 килограми. Кога е подготвен за транспорт, роботот е долг 850 мм, широк 420 мм и висок 550 мм. Наменет е за извидување, пребарување и прелиминарно испитување на потенцијално опасни објекти. За извршување на овие задачи роботот е опремен со комплет видеокамери и механички манипулатор: подвижен лост со фаќалка. Таа овозможува подигање и преместување на товар со тежина до 25 килограми.
Управувањето со роботичкиот систем се реализира како со помош на кабел, така и преку радиоврска, во зависност од околностите. Системот може непрекинато да работи од четири до осум часа. Гасеничната платформа ѝ овозможува на „Кобрата“ да совладува прагови високи до 160 мм и водени пречки длабоки до 120 мм.
„Во комплетот на МИКР се наоѓаат четири типа на уреди за откривање на мини, шест типови на извидувачко-набљудувачки системи, блокатори на експлозивни направи на радиоуправување, роботичкиот систем Кобра-1600, комплет средства за уништување експлозивни предмети 2Р4, како и комплет фото и видеоопрема”, соопшти прес-службата на Западниот воен округ.
Во округот пристигнаа вкупно три мобилни инженерски системи за деминирање на база на микроавтобус со зголемена способност за совладување на тешки терени.