„Важен и невидлив дел на „Нерехта“ е системот за управување. Ние го гледаме како составен дел од борбената опрема на „војникот на иднината“. Нереално е бесконечно да се повишува можноста на човекот – да го заковаме во панцир, оклоп – така од него ќе направиме тенк што оди. Војникот треба да добие личен помошник, носач на оружје“, рече Денисов во интервју за РИА „Новости“.
Според него, војниците од единиците за специјални намени не треба да носат со себе монитор за управување со роботот. Во врска со тоа се работи на гласно, гестикуларно управување со роботот, а исто така ќе се добие и систем кој ќе овозможи да се преместува оганот од роботот со едно движење на личното оружје.
„Овој систем може да се гледа како сопствено „куче“ на воинот, кое ќе му овозможи решавање на задачите побрзо и поудобно, да го транспортира него, оружјето, да го обезбеди со врска, да гледа подалеку и во различни дијапазони, да неутрализира цели. Човекот не може да влечка топ, а роботот може. Или не топ, ами новата опрема за койа зборував“, додаде Денисов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче