Руската армија објави снимки од деминирањето на сириската тврдина во историскиот дел на Алепо. За време на борбените дејствија во „стариот град“ се уништени околу 30% од објектите од списокот на историско наследство на УНЕСКО.
Министерство за одбрана на РФСпоред податоците на Министерство за одбрана на РФ, откако е ослободено Алепо, руските деминери исчистиле од мини околу 2.000 хектари земја, 680 километри градски улици и околу 3.300 згради.
Министерство за одбрана на РФПронајдени се и неутрализирани над 13,000 експлозивни направи од рачна изработка кои припадниците на ИДИЛ ги поставиле во станбените и историските населби на Алепо.
Министерство за одбрана на РФВо текот на работата деминерите ги користеле преносните детектори „Коршун“ за експлозивни направи кои се активираат без контакт, како и радиобрановите детектори за мини РВМ-2М.
Министерство за одбрана на РФЗа безбедноста на деминерите се грижат припадници на воената полиција од Чеченската Република. Во овој преоден период тие исто така го одржуваат редот и ги придружуваат хуманитарните пратки за жителите на Алепо.
Министерство за одбрана на РФПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче