Со ова перспективно оружје први се запознаа припадниците на Втората гардиска механизирана дивизија на Западниот воен округ, пренесува порталот rg.ru.
Официјалниот назив на роботот е „мултифункционален роботизиран систем за решавање на задачи поврзани со обезбедување на борбените дејства на копнените сили“. За разлика од „Нерехта“, новиот робот има тркала место гасеници. Конструкцијата на шасијата е оригинална и му овозможува на возилото да ја „пречекори“ пречката, па дури и да се качува по скалила.
„Кунгас“ носи четири противтенковски ракети и митралез со голем калибар.
Овој борбен робот функционира на далечинско управување преку кабел или радио врска. Може здружено да дејствува со беспилотни летала и други системи за командување на бојното поле. Се движи со помош на електричен мотор.
Прочитајте кои се Топ 5 руски борбени роботи
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче