Во Сирија тестирани уреди за деминери, роботот „Скарабеј“ и камерата „Сфера“

Сет-1
Роботот „Скарабеј“ и камерата „Сфера“ што се фрла како топка наменети за руските деминери се успешно тестирани во Сирија, изјави Сергеј Ефременков, претставник на компанијата „Сет-1" која ги произведува уредите.

„Роботот „Скарабеј“ и камерата „Сфера“ се тестирани во Сирија при деминирањето на неколку населени места во таа земја“, изјави Ефременков.

 „Скарабеј“ е помала платформа на тркала со видеокамера со висока резолуција, микрофон и термовизор. Со роботот се управува преку дигитален радио канал од пулт за видеонадзор.

„Сфера“  е уред во форма на топка со четири видеокамери со LED осветлување, микрофон и предавател на информациите што ги дава  панорамскиот приказ. Големата цврстина му овозможува да издржи пад од височина и до пет метри, а инсталираниот систем за позиционирање непосредно по фрлањето да заземе вертикална положба.

Уредот може да се спушти во бунари и подземни градби или да се уфрли преку прозорец за од далечина да се прегледаат просториите и да се утврди присуство на сомнителни предмети.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња