Новиот изум на војската е мобилниот робот-извидувач, минијатурен борец на тркала кој е во состојба да плива и да прескокнува пречки високи до 15 сантиметри.
Новиот робот се создава врз база на постојниот КРММ-06, кој потсетува на играчка на далечинско управување. Но, се работи за комплексен систем кој може да се модернизира за секоја конкретна задача. На него, во зависност од условите, можат да се постават обични и термовизиски камери и друга потребна техника.
Тоа е минијатурен теренец на шест тркала и електричен погон. Максималната брзина на движење му е 5 км/ч, а тркалата можат да совладат пречки високи колку и самото возило: камења, паднати стебла итн. Роботот е херметичен и е во состојба да преплива и 100 метри.
Со сите приклучоци тежи околу 25 килограми и лесно може да се смести во војнички ранец. Идеалното средство за извидување им се допадна на спецназот и деминерите кои секој ден ги користат овие роботи за чистење на терен од мини.
Системот КРММ-06, кој сега се усовршува за потребите на извидувачите на Росгвардија, веќе го користат единиците за деминирање. Еден робот е во состојба не само да ја истражи територијата, туку, во случај на потреба, да постави и експлозив со тежина до 1,5 кг.
„Постојат различни видови на мини. Некои од нив е невозможно да се детонираат со експлозив со помала јачина. За да ја отфрлиме можноста од смртен случај, војската ги користи овие роботи-деминери за уништување на токму таквите бомби“, вели за Russia Beyond-Македонија професорот на Академијата за воени науки Вадим Козјулин.
Човекот може да управува со роботот КРММ-06 на растојание до 200 метри. Сѐ што роботот снима се гледа на монитор. Без полнење КРММ-06 може да работи околу два часа.
„Усовршениот робот ќе може да заобиколи стража, да влезе на територијата на непријателот и да предаде информација од место. Ќе ги изброи непријателите, оружјето и дури и ќе активира експлозив. Тоа е вистински мал диверзант“, резимира Козјулин.
Цената на робот-деминер е околу 10000 долари. Како ќе се промени по модернизацијата засега е тешко да се каже.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче