Беспилотните летала на вежбите во Свердловската област беа користени од екипажите на борбените противдиверзантски возила „Тајфун-М“ за извидување на територијата и откривање на диверзанти.
Од Министерството за одбрана на Руската Федерација објаснија дека се користени различни видови беспилотни летала. Апаратите во радиус од 20 километри ги пронаоѓаа „диверзантите“ кои се обидуваа да ги минираат патиштата или се подготвуваа за напад врз важни објекти.
Борбените возила „Тајфун-М“ влегоа во состав на вооружувањето пред пет години. Основата на овие возила ја сочинува оклопниот транспортер БТР-82, со тоа што според својата опрема „Тајфун-М“ суштински се разликува од транспортерот. Пред сѐ, се работи за различните антени и локатори кои овозможуваат детектирање на техника или жива сила на потенцијалниот непријател на оддалеченост од неколку километри.