Единиците на Ракетните сили за стратешка намена веќе во 2014 година го добија возилото за далечинско деминирање „Листва“, иако на пошироката јавност ѝ беше претставено дури кон крајот на 2017 година.
„Листва“ е наменета за заштита на мобилните ракетни системи со интерконтинентални балистички ракети „Јарс“ и „Топољ-М“. „Листва“ е триосовинско оклопно возило опремено со најразлична електроника. Таа секогаш се движи пред колоната мобилни ракетни системи. Со помош на микробраново зрачење возилото ги гори сите мини кои можат да се појават на патот.
Кога колона со системите „Топољ“ или „Јарс“ стапува во борбено дежурство не ја следи само „Листва“, ами и неколку борбени противдиверзиски возила „Тајфун-М“ кои влегоа во вооружувањето уште пред пет години. Основата на овие возила ја сочинува оклопниот транспортер БТР-82, со тоа што по својата опрема „Тајфун-М“ суштински се разликува од транспортерот. Пред сè станува збор за различни антени и локатори кои овозможуваат детектирање на техниката или на жива сила на потенцијалниот непријател на оддалеченост од неколку километри, како и беспилотен апарат „Елерон-3“ кој е наменет за набљудување од воздух.
Возилото за инженерска поддршка и маскирање (МИОМ) на Ракетните сили за стратешка намена за првпат беше претставен на пошироката јавност на форумот „Армија-2105“. Меѓу неговите задачи спаѓа инженерското набљудување. МИОМ може да провери дали подлогата може да ги издржи ракетните системи, дали тие можат да минат по планираната маршрута, на пример, низ шума. Ако излезе дека „патеката“ е премногу тесна, машината за инженерска поддршка ќе го прошири патот.
Кон крајот на 2016 година во Калушката област извршени се тестирања на најновиот роботизиран систем наменет за заштита на стационарните објекти на Ракетните сили за стратешка намена. Станува збор за роботи-стражари кои ги чуваат стартните положби на нуклеарните полкови на ракетните силоси. На команда на операторот роботот отвора оган со кружен дострел до 400 метри, што значи дека диверзантите практично не можат да се приближат на силосот. Освен тоа, роботот гаѓа мошне попрецизно од човек.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче