Борбено пешадиско возило „Тигар“.
А.Рошка/MО РФРуските безбедносни сили ќе добијат уникатно комуникациско возило „Тигар-УС“ (Тигр-УС), пишува весникот „Известија“.
Најновата разработка претставува замена за четири типа возила од претходната генерација и ќе стане основа за идниот обединет информациски простор за Министерството за одбрана, Росгвардија и пограничните сили.
„Тигар-УС“ може да работи во стратешкото, тактичкото и оперативното ниво на управување.
Возилото, движејќи се со штабот, го обезбедува со сите видови на високозаштитна комуникација – од телефонска до видео-врска.
„Тигар-УС“ првпат ќе ѝ биде презентиран на пошироката публика во рамките на форумот „Армија-2017“ кој ќе се одржи од 22 до 27 август во Кубинка во близина на Москва, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче